top of page

РИМ - 4 ДЕНА СО АВИОН

МАРТ ВО РИМ

07.03.2019 - 10.03.2019

Рим - Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието во градот. Вечен град, град на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија, седиште на град - државата Ватикан. Туристите секогаш го опишуваат како посебен и единствен град, а и самите Италјани знаат да кажат дека Рим е посебен свет. Како древен град, со голем број на споменици Рим е музеј на отворено, но истовремено и модерен град кој постојано ги прати трендовите. Полн со вибрации на современ град, со помош на новите технологии, архитектура, уметност, мода и кулинарски вештини, постојано привлекува нови туристи. Рим е и останува популарен како што бил и во времето кога луѓето од сите страни на Римското царство доаѓале да го видат неговиот величествен сјај.

ПРОГРАМА

1 ден (07.03.2019 - Четврток) | Скопје - Рим

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:20 часот. Полетување за Рим во 13:20 часот. Пристигнување во Рим во 15:00 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки низ градот (предлог од придружникот на агенцијата на лице место). Ноќевање.

2 ден (08.03.2019 - Петок) | Рим (Разглед и Ватикан)

Појадок во хотел. По појадокот предвидена е факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед) - Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 - ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 - тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Разгледот продолжува со посета на најголемата црква во светот Св. Петар во која се наоѓа познатата “Пиета“ - единственото потпишано дело на Микеланџело. Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини - најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По кратка пауза продолжуваме со организиран панорамски разглед на градот со локален водич (пеш и метро) каде 3 часа ќе уживаме на Пиаца НавонаПантеонФонтана ди ТревиШпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (09.03.2019 - Сабота) | Тиволи, Рим (Колосеум - однадвор), Сан Клементе

Појадок. По појадокот заминување кон паркот Тиволи (полудневен факултативен излет) и посета на комплексот Villa D’Este кој со својата градина и палата им припаѓа на најдобрите ренесансни градини. Враќање во Рим и посета на црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Потоа се посетува (однадвор) една од најголемите знаменитости и атракции во Рим - Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање. 

4 ден (10.03.2019 - Недела) | Рим - Скопје

Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за последно кафе во Рим и трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 15:35 часот со директен лет. Пристигнување во Скопје во 17:10 часот.    

ПРОМОТИВНА ЦЕНA ПО ЛИЦЕ: 249 ЕВРА (15.438 МКД)

ЦЕНA ПО ЛИЦЕ - 299 ЕВРА (18.538 МКД) - ЛИЦЕ ШТО НЕМА ДА КОРИСТИ ФАКУЛТАТИВИ

Ограничен број на места

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Рим - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;

  • Организирани трансфери: аеродром - хотел - аеродром;

  • Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);

  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* или 4* - 3 ноќевања со појадок;

  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;

  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси по лице - 3.720 денари;

  • Доплата за 20 kg багаж (куфер);

  • Доплата за еднокреветна соба – 5,200 денари;

  • Туристичка такса - 4 € или 6 € по лице на ден (зависно од категоризацијата на хотелот);

  • Билети за јавен превоз со метро;

  • Патничко осигурување;

ФАКУЛТАТИВИ

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: 110 €

Цени за Факултативи:

  • Организиран панорамски разглед на Рим со водич - 15 €;

  • Организирана факултативна посета на Ватикан, црквата Св.Петар и Систинската капела - 55 €;

  • Организирана посета на Тиволи, со локален водич, влезница за Villa D`Este - 50 €;

Напомена:

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;

  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;

  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;

  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;

  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,

  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;

  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;

  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;

  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;

  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;

  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

Пријавување за факултативи најкасно до 01.02.2019 (минимален број на патници за реализација - 16)

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и организаторот.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

  • Instagram
  • Facebook Social Icon
  • LinkedIn Social Icon
viber_image_2023-09-21_18-31-04-886.png
LogoSKTM-120.png
Visa.png

©2018-2024 by Golden Tour. All rights reserved.

bottom of page