ОХРИД - ПЕШАЧКА ТУРА НИЗ ГРАДОТ

Охрид е град во југозападниот дел на Македонија, на североисточното крајбрежје на Охридското Езеро, кое по градот го носи и своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија. Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Охридскиот регион е вклучен во светското наследство на УНЕСКО.

07:30

Тргнување од Скопје.

10:30

Разгледување на Охрид кое вклучува:

-    Градски музеј - куќата на Робевци
-    Црква Света Софија (света Мудрост)
-    Антички театар кој датира од Еленистичко – Римскиот период
-    Света Богородица Перивлепта - XIII век
-    Кафе пауза
-    Самуилова тврдина – 3 век п.н.е X век
-    Манастир свети Климент – Плаошник
-    Свети Јован Богослов Канео – XIII век

14:00

Ручек

15:00

Прошетка низ чаршијата и можност да ги искусите старите традиционални занаети и да уживате во ремек делата на локалните занаетчии и време за посета ги нивните работилници.

17:00

Заминување за Скопје.

Времетраење: 1 ден во тек на целата година

Големина на групата: минимум 2 лица

Појдовна локација: Скопје (со договор при резервација)

Вклучува: транспорт, пијалоци за време на патувањето, кафе, ручек, целосна придружба на професионален туристички водич за сите знаменитости (со вклучени влезници)

Цена: по барање и во зависност од бројот на учесници

Untitled.png

КОНТАКТ

Народен Фронт 19A/40A
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

  • Facebook Social Icon
  • LinkedIn Social Icon
LogoSKTM-120.png

©2018-2020 by Golden Tour. All rights reserved.