СТАРО НАГОРИЧАНЕ - КРИВА ПАЛАНКА - КРАТОВО - ЛЕСНОВО (05-06.09 и 12-13.09)

1 ден САБОТА

    • Поаѓање во 07:00 од паркингот пред хотел Вип ( собирање на група 06:45 ). 
    • Прва посета на црквата Св.Ѓорѓи црква од среден век во Старо Нагоричане. Оваа црква е позната по својата големина и импозантна градба, одлично зачуваните фрески, камениот иконостас и положбата на иконите во него, како и ќелијата на македонскиот светител Прохор Пчински кој е во непосредна близина на самата црква (задржување околу 40 минути). 
    • По посетата групата продолжува кон Крива Паланка во посета на манастирот Св. Јоаким Осоговски. Овој манастир е стар повеќе од 1000 години и е посветен на чудотворец Јоаким Осоговски., овде се наоѓаат моштите на светецот ( задржување околу 2 часа). По посетата групата се упатува кон Кратово.
    • Прво се сместуваме во хотел и започнуваме со ручек. Во попладневните часови се упатуваме на пешачка тура за разглед на мостовите, кулите и црквата Св.Ѓорѓи.  Кратово како еден од најстарите градови на Балканот е сместен во грлото на изгаснат вулкан, а од таму доаѓа и самото име на градот. Овде ќе ја слушнете приказната за мостот на Рада и други легенди за местото.
    • Вечера. Ноќевање.

2 ден НЕДЕЛА

Појадок. По појадокот групата го напушта хотелот и се упатува кон Лесновски манастир. Посета на манастирот (задржување околу 1 час). 

Понудата вклучува:
    • 1 ноќевање со појадок, ручек и вечера во хотел во Кратис во Кратово
    • посета на Св.Ѓорѓи, старо Нагоричане
    • посета на Св.Јоаким Осоговски
    • пешачка тура низ Кратово со лиценциран туристички водич
    • посета на Лесновски манастир
    • превоз на наведената релација
    • организација и водство на патувањето

Времетраење: 2 дена за термините 05-06.09 и 12-13.09

Појдовна локација: Скопје (од паркингот пред хотел Вип)

Понудата не вклучува: 

    • влезници за културно историски споменици
    • индивидуални трошоци

Цена: 3000 денари од лице во двокреветна соба
Може да се изврши плаќање со ваучерот ДОМА СИ Е ДОМА

КОНТАКТ

Народен Фронт 19A/40A
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

  • Facebook Social Icon
  • LinkedIn Social Icon
LogoSKTM-120.png

©2018-2020 by Golden Tour. All rights reserved.