top of page

Анталија (Чартер Лет од Скопје)-2023

Justiniano Club Alanya 4*

justiniano-club-alanya-all-inclusive-0.jpg
332613560.jpg
pic-justiniano-club-alanya-1553753770.jpg

ОКУРЧАЛАР, АЛАНИЈА

Цени од 470€ по лице | All Inclusive

Положба
Хотелот е лоциран во регионот Окурчалар, 90 км од аеродромот Анталија и 33км од Аланија.

Сместување
Холидеј вилиџ со вкупно број на соби 501 (главна зграда и бунгалови). Стандардни соби (24м2, 1 спална, 1 купатило, макс 2+1 лица), супериор соби (28м2, 1 поголема спална, француски кревет + единачен кревет+корнер кревет, 1 купатило, макс 2+2), фамилијарни соби 17 (40 м2, 2 спални соби со врата измеѓу, 1 купатило, макс 4 лица). Сите соби се опремени со сопствено купатило со туш кабина, фен, клима уред (кој работи во согласност со временските услови), директна телефонска линија, мини бар (вода и безалхохолни пијалоци при пристигнување), сеф, под со тепих, сателитска ТВ и музички канлаи, балкон.

Услуга
Се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, утрешни снекови, ручек, попладневно кафе, чај и торти, вечера, полноќни снекови, А ла карте ресторан со претходна резервација и еднаш за време на смена. Сите домашни алхохолни и безалхохолни пијалоци од 10:00 -24:00. Се доплаќа: увезени пијалоци, свежи цедени сокови, сладолед, пијалоци во диско, собна послуга.

Содржини
Главен ресторан на база шведска маса, Ала Карте ресторани со претходна резервација еднаш за време на смена бесплатно. Доктор, чување на деца, фризер, перална, интернет катче, телефон, факс, продавници, рент а кар со доплата. ВИ ФИ интернет конекција во Лоби областа е бесплатно.

Плажа
Приватна плажа – камчеста, со лежалки и чадори за сонце како и пешкири за плажа.

Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, водни лизгалки, одбојка на плажа. Тениски игралишта фитнес центар, Турска бања, сауна. Со доплата: масажа, спа и салони за убавина, билјард и компјутерски игри. Дневни и вечерни анимации, натпревари покрај базебните и на плажата, шоу програми, отворено кино за деца. Мини клуб за деца од 04-12 години.

Justiniano Deluxe Resort 5*

332754181.jpg
332754021.jpg
Justiniano_Deluxe_Resort_All_Inclusive-Boztepe-Standard_room-44-763195.jpg

ОКУРЧАЛАР, АЛАНИЈА

Цени од 429€ по лице | All Inclusive

Положба
Хотелот е лоциран во регионот Окурчалар, 90 км од аеродромот во Aнталија и 33 км од Аланија.

Сместување
Вкупно број на соби 105 во еден блок (главна зграда) и 110 соби во Теодора блокот. Стандардни соби во главната зграда (28-36 м2, 1 спална, 1 купатило, макс2+1 лица), Фамилијарни соби во главната зграда (40-50м2, 2 спални со врата измеѓу, 1 купатило, макс 4 лица). Пентхаус свитс (75 – 100 м2, 1 дневна соба, 1 купатило, макс 4 лица). Блокот Теодора се наоѓа позади, има пат измеѓу: стандардни соби (28-36 м2, 1 спална, 1 купатило, макс 2+1 лица), фамилијарни соби (40-50 м2, 2 спални или дуплекс, 1 купатило, макс 4лица). Сите соби се опремени со сопствено купатило со туш кабина, фен, клима уред (работи врз основа на временските услови), директна телефонска линија, мини бар (вода и безалхохолни пијалоци кои се дополнуваат два пати неделно), сеф, сателитска ТВ со музички канали, балкон.

Услуга
Ултра се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински снекови, ручек, попладневни кафе паузи, чајанки и торти, вечера, полноќни снекови, А ла карте ресторани со претходна резервација еднаш бесплатно за време на една смена. Сите домашни и стандардни увезени алхохолни и безалхохолни пијалоци од 10:00 -24:00 часот. Се доплаќа: увезени пијалоци, свежи цедени сокови, сладолед, пијалоци во диско, собна послуга.

Содржини
Главен ресторан на база шведкса маса, А-ла карте ресторани – Турски и Рибен ресторан со претходна резервација се користи бесплатно една во текот на една смена од 7 ноќи престој. Доктор, чување на деца, фризер, перална, интернет катче, телефон, факс, продавници, рент а кар со доплата.

Плажа
Приватна плажа – камчеста, со лежалки и чадори за со нце како и пешкири за плажа се бесплатни.

Спорт и забава
Надворешни базени з авозрасни и деца, водени лизгалки, одбојка на плажа, пинг понг, фитнес, Турска бања, сауна, Со доплата: водни спортови, масажи, Спа и салони за убавина, билјард, компјутерски и гри. Дневни и вечерни анимации, натпреварувања покрај базените и на плажа, ѓоу програми, отворено кино за деца. Мини клуб за деца од 04-12 години.

Grand Ring Hotel 5*

43101834.jpg
43212125.jpg
238732988.jpg

БЕЛДИБИ, КЕМЕР

Цени од 399€ по лице | All Inclusive

Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби, 40 км од аеродромот во Анталија, 25 км од центарот на градот и 10 км од Кемер.

Сместување
Вкупен број на соби 326. Стандардни соби (28м²; 2 + 1 лице, Ако има 2 + 2 лица имаат кревети на спрат), Големи соби (38м², една спална соба, едно купатило, макс. 2 + 2 лица). Сите соби се со сопствено купатило со туш, фен за коса, сплит клима-систем, под со тепих, телефон, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали.

Услуга
All inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, чај, кафе, вечера, доцна ужина. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 до 24.00 часот се бесплатни, сладолед за време на одредени часови, бар на плажа отворен од 10.00 - 18.00 часот. Не е вклучено: Сите увезени пијалоци, специјални вина, флаширани пијалоци, свежи овошни сокови, сите пијалоци после 24.00 часот, пијалоци во диско клуб, услуга во соба.

Содржина
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, барови покрај базенот. Доктор, чување деца, перење, rent a car, фен за коса, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри се со доплата. Интернет Wi-FI во лоби е бесплатно.

Плажа
Приватна плажа на хотелот, камчиња, лежалки, чадори за сонце се бесплатни, пешкири за плажа се со депозит.

Спорт и Забава
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг-понг се бесплатни. Спортови на вода, масажа, куглање, билијард се со доплата. Забавни програми, натпревари во текот на денот и шоу програми во вечерните часови, Мини клуб за деца од 04 до 12 години со игралиште.

Dosinia Luxury Resort 5*

109161_L.jpg
109152_L.jpg
109164_L.jpg

БЕЛДИБИ, КЕМЕР

Цени од 499€ по лице | Ultra All Inclusive

Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби 10 км до Кемер, 35 км од центарот на градот Анталија и 45 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 440 во два блока. Стандардни соби (22m²; една спална соба со француски кревет + софа , една бања, макс.2 + 1лице), Стандардни соби со кревети на спрат (26м², една спална соба со француски кревет + кревет на спрат за деца, една бања, макс.2 + 2лица), Фамилијарни соби со кревети на спрат (32м ; две спални соби со врата помеѓу, во една спална соба е француски кревет во друга соба кревет на спрат + дополнителен кревет, една бања, макс.3 + 2лица), Swim up соби(26м², една спална соба , една бања, терасата е директно поврзана со базенот, макс.2 + 1лице), Garden Block стандардните соби се исти како стандардни соби во главниот блок, сместени во Б блок и само поглед на копно), Love suit (22м², Една спална соба со француски кревет, една бања, голема тераса со џакузи, директен поглед кон море и базен, макс.2лице). Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, клима уред , телефон, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци се дополнуваат при пристигнување), електричен бокал, чај и кафе, сеф, кутија, бањарка, WI- FI Интернет (мала брзина), сателитски ТВ и музички канали, балкон.

Услуга
Ултра се вклучено - пијалок за добредојде на приемот по пристигнувањето. Шведсла маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина, колачи, вечера и ужина доцна во ноќта. Сите локални и стандардни (избрани од хотел) увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, топли пијалаци, бар за ужини на плажа. Не е вклучено во ultra all inclusive концептот: Премиум пијалоци, специјални вина, шампањ, сокови од свежо овошје, енергетски пијалоци, флаширани пијалоци, A’la Carte рестораните се со резервација однапред со дополнителен надомест, услуга во соба, увозни пијалоци во диско клуб.

Содржина
Главен ресторан - Divan со шведска маса, A’la Carte ресторани: Hurrem (турска кујна и морска храна), Mama Mia (италијанска кујна), барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, перење и хемиско чистење, трговски центар, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, фризер, изнајмување автомобил се доплаќаат дополнително. WI - FI Интернет- е бесплатен на јавни места и во собите.

Плажа
Приватна плажа на хотелот, камчеста и песочна, со лежалки, чадори за сонце, пешкири за плажа бесплатно. (Има пат помеѓу хотелот и плажата.)

Спорт и Забава
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, гимнастика, одбојка на плажа, пинг-понг се бесплатни. Wellness и SPA центар, масажа, спортови на вода, билијард се наплаќа дополнително. Забавни програми за време на денот, натпревари на базен и на плажа, во вечерните шоу програми, Мини клуб за деца од 04 до 12 години организиран од стручен персонал, базен за деца, игралиште. .

Crystal Flora 5*

floravf.jpg
Crystal-Flora-Beach-Resort-Beldibi-Exterior.jfif
deluxe-family-room.jpg

БЕЛДИБИ, КЕМЕР 

Цени од 499€ по лице | Ultimate All Inclusive

Положба
Хотелот се наоѓа во Белдиби на 25км од Анталија, 17км од Кемер и 35км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 521 соби во 3-катни бунгалови.

Стандардни соби – вклучувајќи 6 соби за лица со попореченост (19м²,спална соба, купатило, макс. 2 лица, нема место за бебешка корпа),
Големи стандардни соби (21м², спална соба со француски кревет + единечен кревет, купатило, макс. 3 лица),
Фамилијарни соби (37м², две спални одвоени со врата, купатило, макс. 4 лица),
Делукс фамилијарни соби (40м², две спални одвоени со врата, купатило, макс. 4 лица),
фамилијарни соби со кревети на спрат (40м², две спални одвоени со врата, една со француски кревет и другата со кревети на спрат + единечен кревет, макс .4+1 лице).
Собите се со приватно купатило со туш кабина и фен, влечки, клима, телефон, мини бар (се дополнуваат сокови секој ден), сеф, сат. тв со музички канали, ламинатен и керамички под, балкон или тераса, WI – FI.

Услуга
Ултимејт сѐ вклучено –- локален к