ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕ
-
Усни и телефонски резервации се неважечки. За важечка резервација за аранжмани се смета уплата на 30% од целосната сума на аранжманот.
-
Плаќањето се врши ИСКЛУЧИВО во денари со курс, 1 евро = 61,8 денари. Уплатата може да се изврши во готово, со кредитна/дебитна картичка или преку банкарска трансакција. Уплатата во готово е лимитирана до 30000 денари.
-
Минимална важност на документот за патување/патната исправа треба да биде најмалку 3 месеци за патување во земјите на ЕУ или 6 месеци за останатите од денот на планираното враќање. Неисполнувањето може да резултира со одбивање од страна на надворешната граница.
-
Патниците се должни минимум 24 часа (1 ден) пред секое тргнување да се информираат за потврда на местото и времето и тргнување.
-
Сите патници кои патуваат надвор од Република Македонија се должни да поседуваат задолжително валидно патничко осигурување.
-
За сите уплатени аранжмани вашат општите услови на патување освен доколку не е наведено поинаку.
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ
1. СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ
Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на “виша сила”, која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично).
2. ПРИЈАВА - ДОГОВОР И УПЛАТА
Цените за сите патувања се објавени во Денари или во Евра со обврска за плаќање во денарска противвредност според пазарниот курс - објавен од страна на организаторот. Секое барање за дополнителни услуги подразбира додатни плаќања. Организаторот го задржува правото на промена на цената на аранжманот во случај на промена на цените на хотелските, превозните и други услуги, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на купувачот (се пресметува на остатокот од уплатата). При зголемување поголемо од 10%, купувачот има право да го раскине договорот без обврска да ја надокнади штетата произлезена од отказот.
3. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
Цените за сите патувања се објавени во Денари или во Евра со обврска за плаќање во денарска противвредност според пазарниот курс - објавен од страна на организаторот. Секое барање за дополнителни услуги подразбира додатни плаќања. Организаторот го задржува правото на промена на цената на аранжманот во случај на промена на цените на хотелските, превозните и други услуги, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на купувачот (се пресметува на остатокот од уплатата). При зголемување поголемо од 10%, купувачот има право да го раскине договорот без обврска да ја надокнади штетата произлезена од отказот.
4. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ
Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалната категоризација во време на издавањето на каталогот. Квалитетот на услугите го стандардизираат локалните туристички власти. Стандардите на сместување и услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот не превзема одговорност за било каква друга усмена или писмена информација, која не е во согласност со описот на услугите во понудената програма.
5. ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ ЗА ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ
Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраењето или содржината) во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани. Учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги. Во ретки случаи кога нема можност за сместување во резервираниот објект, поради технички причини или “over booking” од страна на хотелиерот, организаторот ќе го смести патникот според можностите во дадениот момент, во објект од иста категорија или од повисока категорија, без надомест. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот во случај на недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман. Организаторот е должен да ги извести сите купувачи за отказот најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аранжманот и да им ги врати во целост уплатените средства најдоцна во рок од дена од денот на откажувањето.
6. ПРАВО НА ПАТНИКОТ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО ЗА АРАНЖМАНИ
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот), според следната скала:
-
за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 5%
-
за отказ од 29 до 22 дена пред патувањето 10%
-
за отказ од 21 до 15 дена пред патувањето 20%
-
за отказ од 14 до 08 дена пред патувањето 50%
-
за отказ од 07 до 01 дена пред патувањето 90%
-
Aко патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%.
-
Во случај на отказ на веќе потврдена “резервација на упит”, организаторот ќе наплати отказни трошоци во висина на уплатената аконтација.
-
Доколку патникот го менува терминот на поаѓање на истиот аранжман најмалку 15 дена пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати само манипулативни трошоци во износ од 10 € / Евра, по пријава-договор.
-
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по аведената скала туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои рганизаторот е обврзан да ги плати без право на рефундација.
-
Доколку патникот сака дополнително да се осигура од гореспоменатите - непредвидливи причини за отказ на ражманот, настанати во периодот од потпишување на договорот за патување до почетокот на патувањето, препорачуваме да се осигура од “ризик на откажување на договорено туристичко патување” кај Осигурителна компанија. Оваа осигурителна полиса може да се договори и уплати на продажното место, истовремено при самата уплата на аранжманот.
-
Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени астани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
7. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО
Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор, и да се грижи за интересите на патниците согласно со професионалните принципи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени за поединечниот аранжман во програмата, и одговара за евентуално неизвршување на услугите или дел од услугите. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила како и од доцнење на превозните средства, за кои превозникот не одговора според позитивните прописи и меѓународните конвенции. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата, или ако емиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои проилегуваат поради евентуалната неисправност или губење на патните документи на патникот. Во овие случаи патникот сам, ги плаќа дополнителните трошоци.
8. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ПАТНИКОТ
Патникот е обврзан да се грижи, да тој лично, неговите документи и предмети ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, здравствените и другите прописи на својата земја како и на земјата во која патува, да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, како и во превозните средства, и да соработува со претставникот/придружникот на организаторот и извршителите на услугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие обврски, патникот одговара на оранизаторот за направената штета. Патниците кои го нарушуваат редот во објектите односно возилото можат да бидат одстранети од аранжманот. Патникот е должен да поседува важечки пасош и да се информира кај организаторот дали за земјата во која патува (или за земјите низ кои се патува во транзит) е потребна виза, за да таа навреме се обезбеди. Патникот е должен да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кои патува. Патникот е должен да ги чува и лично да одговара, за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.
9. ПРЕВОЗ
Патникот е обврзан да се прилагоди кон превозот и неговата организацијата, во согласност со пропишаните правила и прописи. При патување со авионски превоз, да ја провери својата резервација за лет - во агенцијата, најдоцна 72 часа пред полетување. Да се јави на аеродромот и местото за “чекинг” и предавање на багаж, во вообичаеното време - час и половина пред полетување. Да се информира за правилата за патување со авионски превоз (за истите може да се обрати во агенцијата). При патување со автобуски превоз, да поседува важечка резервација на седиште и да се пријави кај преставникот на агенцијата половина час пред поаѓање на автобусот. Да го почитува редот во возилото, во взаемен интерес со другите патници и персоналот, како и безбедноста во сообраќајот. Во случај на непридржување кон сатниците на поаѓање или на попатните застанувања и одмори, како и поради евентуално задржување на граничните премини поради неисправни патни документи или царински прекршок, возилото не е обврзано да го чека истиот патник повеќе од вообичаеното време.
10. БАГАЖ
Патникот има право на бесплатен превоз на багаж, до 15 кг на чартер летовите и 20 кг на редовните авионски линии. Кај автобускиот чертер превоз, дозволен е бесплатен багаж од една патна торба (до 20 кг) по патник. За секој килограм багаж односно патна торба преку дозволеното, се плаќа во зависност од дестинацијата на патување. Деца до 2 години на авионскиот превоз и деца кои не плаќаат билет во автобусот, право на бесплатен багаж имаат согласно меѓународните правила. Како багаж, не се дозволува внесување на трговска стока , храна, пијалоци, лекови, наркотици, хемиски и други запаливи средства, оружје, животни, растенија, амбалажи и слични предмети. При внесување и изнесување на багажот од возилото, патникот со лично присуство одговара за истиот. За време на реализација на аранжманот за багажот се грижи самиот патник. Поради тоа препорачуваме пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување со осигурување на багаж, преку Осигурителна компанија, која може да се уплати во агенцијата. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубениот багаж или драгоцености за време на престојот во хотелот (Ви препорачуваме наем на сеф на хотелската рецепција).
11. ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА
Патникот е должен да се информира кај надлежната здравствена институција и да ги почитува здравствените прописи за патување во одредена земја (потреба од вакцина или здравствен документ). Во случај на болест или незгода во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење или евентуални лекарски интервенции ги плаќа патникот. Поради тоа препорачуваме, пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување преку Осигурителна команија, која може да се уплати во агенцијата.
12. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ
Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на “виша сила”, која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично).
13. РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ
Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, патникот има право на соодветно обештетување, исклучиво доколку приложи писмен приговор до организаторот. Секој патник – носител (потписник) на договорот има право на приговор врз основа на неизвршена договорена услуга. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден приговор. Постапка за поднесување приговор:
-
Веднаш на самото место патникот ја рекламира е адкватната услуга кај претставникот на организаторот, а доколку истиот го нема, кај извршителот на услугите. Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за да се одстранат причините за приговорот.
-
Доколку патникот на самото место не го прифати понуденото решение на рекламацијата кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи доплнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.
-
Ако причината за рекламацијата не биде одстранета, патникот за тоа составува со претставникот писмена потврда (записник).
-
Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот, и ја приложува писмената потврда (записникот) потпишана од претставникот како и евентуалните сметки за дополнителни трошоци. Организаторот ќе ги прими во процедура само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена.
-
Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот во продажното место. Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот заради омплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугите. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор не можеле да бидат одстранети причините кои ги предизвикале.
-
Додека организаторот не донесе решение по приговорот, патникот се откажува од посредување на било кое друго лице, судска постапка или давање информации во јавните медиуми. евентуалното непридржување на купувачот-патникот кон истата, или пак нарушување на отпочнатата постапка со било каква активност спомената или не, дава причина за неприфаќање на истите приговори, прекинување на отпочнатата постапка и воедно поднесување на тужба пред надлежните органи од страна на организаторот, за наплата на претрпената штета и нарушениот углед во јавноста.
-
Највисоката надокнада по приговорот може да достигне сума до износот на рекламираниот дел од услугите, но таа не може да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот за наплата на “идеална штета”.
14. СОГЛАСНОСТ НА СУДОТ
Во согласност со точка 13. од овие услови, купувачот на услугите од одредна програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен со решението на организаторот, има право да побара дополнителна арбитража и мислење од страна на Судот на честа при СКТМ или од страна на надлежниот Суд во Скопје.
Политика за колачиња
Што се колачиња?
Со цел постојано подобрување на искуството за користење на веб-страницата www.goldentour.com.mk, ние користиме колачиња. Колачињата се мали датотеки што прелистувачот ги поставува локално на корисничкиот диск на корисникот. Ние користиме колачиња за подобро разбирање како ја користите веб-страницата, за да го персонализираме ова искуство и да ја направиме следната посета попријатна.
Кои колачиња ги користиме?
_ga и _gid собираат податоци во Google Analytics. Со нивна помош, учиме како да ја користиме нашата веб-страница и да ни помогнеме да се подобруваме. Собраните информации се во анонимна форма на колаче __tawkuuid што припаѓа на апликацијата tavk.to за разговор. Со оваа апликација можеме да разговараме со вас преку Интернет.
Сите податоци собрани од колачето се анонимни и не поврзуваат информации со физичко / правно лице.
Како ги користиме овие колачиња?
Анализа на ефикасноста и ефикасноста на страницата;
Колачиња за регистрација за добра функционалност на веб-страницата;
Поефикасна маркетинг комуникација. Ние не собираме лични информации за употреба од колачиња. Колачињата локално складираат информации на уредот на корисникот, а информациите што се користат при анализа, рекламен маркетинг и таргетирање се анонимни.
Можете да одбиете колачиња!
Можете да одбиете употреба на колачиња со избирање соодветни поставки на вашиот прелистувач
Забележете дека ако го направите ова, можеби нема да можете да ја користите целосната функционалност на оваа страница.
Поставки за колачиња за Internet Explorer: детали овде
Поставки за колачиња во Firefox: детали тука
Поставки за колачиња за Chrome: детали тука
Поставки за колачиња за Safari: детали тука
Одрекување одговорност
Веб-страницата www.goldentour.com.mk е страница со информативна содржина. Голден Тур не презема никаква одговорност за точноста и прецизноста на овие информации.
Голден Тур не гарантира на кој било начин, експлицитно или имплицитно, реалност, навременост и комплетност на податоците и информациите презентирани на веб-страницата.
Сите недоследности или грешки што можат да се појават во кое било време помеѓу содржината на веб-страницата и реалните информации не подразбираат никаква одговорност за „Голден Тур“.
Податоците и информациите достапни на јавноста на оваа веб-страница не претставуваат препораки, гаранции, совети или обврски на Голден Тур.
Голден Тур не може да одговара за кое било лице / субјект за каква било штета што може да се случи, директно или индиректно, преку употреба на веб-страницата www.goldentour.com.mk или како резултат на каква било грешка или пропуст.
Голден Тур, исто така, делува како агент за независни добавувачи како што се: авиокомпании, хотели, компании за изнајмување автомобили и други даватели на услуги за патувања.
Голден Тур не презема никаква одговорност за патничките производи и услуги што ги нудат добавувачите и не гарантира на кој било начин (експлицитно или имплицитно) за точноста или квалитетот на производите и услугите рефлектирани на оваа веб-страница.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КЛИЕНТИТЕ
Туристичката агенција ГОЛДЕН ТУР, правото на заштитата на приватноста и личните податоци на своите клиенти го применува сериозно и одговорно, а при тоа ги презема и сите потребни технички и организациски мерки за спречување на неовластено користење на податоците на клиентите.
СИГУРНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ
Туристичката агенција ГОЛДЕН ТУР, согласно позитивните законски прописи, усвои и применува повеќе интерни акти кои што ја регулираат актуелната материја и кои што овозможуваат исклучиво законска обработка на личните податоци на нејзините странки. Во контекст на тоа изјавуваме, дека Вашите лични податоци ќе ги користиме само за причината за која што истите сте ги дале достапни. Податоците нема да бидат пренесувани на државни органи, освен во случаи утврдени со закон. Сите наши вработени се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со вашите податоци како со информации од доверлива природа.
ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
Вашите лични податоци ќе бидат користени за обработка и директен маркетинг, само врз основа на вашата претходнo изречeна согласнот при комуникацијата со нас, како и во обем кој е соодветен на воспоставената релација со Вас.
ЗАШТИТА ОД ЗЛОУПОТРЕБИ
Туристичката агенција ГОЛДЕН ТУР, ги презеде сите пропишани технички и организациони мерки за заштита на личните податоци со кои располага, како и сите потребни мерки за спречување на неовластен пристап до нив или нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се редовно контролирани и истите се во соодност со најновите технолошки достигнувања во таа област.
ВАШЕТО ПРАВО Е НАША ОБВРСКA
Туристичката агенција ГОЛДЕН ТУР, при евентуалното ваше писмено барање, ќе ви овозможи личен увид во сите ваши лични податоци со кои располага (име, адреса и сл.). А доколку посакате вашите податоци да бидат корегирани или избришани (во рамки на законските овластувања), или пак доколку имате било какви прашања или предлози за заштита на вашите лични податоци, воедно ќе можете да не контактирате лично или преку нашата емеил адреса: info@goldentour.com.mk
ГОЛДЕН ТУР ДООЕЛ Скопје
ПРАВНИ НАПОМЕНИ
1. ДОГОВОР ПОМЕЃУ КОРИСНИКОТ и ГОЛДЕН ТУР
Со користење на овие web страници, односно услугите кои се наведени, Вие ги прифаќате условите, информациите и известувањата кои се објавени. Доколку не се согласувате со условите не ги користете овие страници.
2. ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
ГОЛДЕН ТУР ја почитува Вашата приватност и работи според следните начела:
Напоменуваме кога ни се потребни Вашите лични податоци. Ги проследуваме податоците до трето лице давател на услугата која ја резервирате или ја плаќате преку ГОЛДЕН ТУР. Истотака ги користиме Вашите лични податоци за обработка на Вашите барања во рамките на системот на резервации на Савана и повремено да Ве известиме за новините кои се однесуваат на услугите на ГОЛДЕН ТУР ДООЕЛ.
Заради точноста на Вашите податоци во моментот кога побарувате наша услуга или друга информација Ве молиме да не известите доколку дојде до промени во Вашите лични податоци или доколку погрешно се внесени.
Доколку забележите дека ГОЛДЕН ТУР не постапува според овие начела или ако имате било каква друга забелешка на начинот на работење, известете не на info@goldentour.com.mk заради итна корекција на евентуалите пропусти односо решавање на проблемнот во што покус рок.
3. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЛИЧНО, НЕКОМЕРЦИЈАЛНО КОРИСТЕЊЕ
Овие web страници се наменети за корисниците за лична, некомерцијална употреба. Не е дозволено менување, копирање, дистрибуција, прикажување, објавување или на кој било друг начин пренесување и продавање на било која информација, услуга или производ кој е објавен на овие страници.
4. СОПСТВЕНОСТ НА СОДРЖИНИТЕ
Содржините на овие web страници се сопственост на ГОЛДЕН ТУР, 1000 Скопје, ул. Алберт Ајнштајн бр.8 локал 1, Дебар Маало, освен дел од фотографиите кои се користат во комерцијални цели, а на барање на авторот или сопственикот ќе бидат повлечени од страниците (доколку не се постигне друг договор).
5. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
Информациите на овие страници се сметаат за исправни во моментот на внесување, Сите податоци редовно ќе се прегледуваат, а евентуалните грешки веднаш ќе се одстрануваат. ГОЛДЕН ТУР го задржува правото да ги менува податоците на овие страници без посебно известување.
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот/вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
6. ЗАБРАНЕТО ИЛЕГАЛНО КОРИСТЕЊЕ
Со користењето на овие web страници се обврзувате добиените информации да не ги користите за забранњети нелегални цели и дејствија.
7. ЛИНКОВИ НА СТРАНИ НА ТРЕТИ ЛИЦА
Овие страници можат да содржат “линкови” на страници на други фирми и лица. Тие линкови се само за Ваша информација, а ГОЛДЕН ТУР не носи одговорност за точноста на информациите и содржината на тие страници.
8. ПРОМЕНА НА ОВИЕ И ДРУГИ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊE
ГОЛДЕН ТУР го задржува правото да ги менува условите за користење на web страниците и другите услови на работење. Промените не се однесуваат на веќе извршените и наплатени резервации.
9. КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА ГОЛДЕН ТУР ДООЕЛ НА ОВИЕ СТРАНИЦИ
Web страницата исклучиво има за цел да помогне на корисниците да се информираат за понудата на услуги преку описите и фотографиите, да се информираат за слободните термини, и да извршат резервација или уплата на бараните услуги. Ве известуваме дека за реализација на трансакциите преку нашите страници морате да бидете полнолетни, и дека ја прифаќате финансиската одговорност за трансакциите кои ги вршите Вие лично или малолетните лица кои се под Ваш назор и можат да ги користат Вашите податоци, како и за вистинитоста и точноста на податоците кои ни ги давате за реализација на резервацијата или финансиската трансакција. Во случај на било каква злоупотреба на овие страници (внес на лажни резервации или слично) ќе Ви биде оневозможен пристап на овие web страници.
10. ДОПОЛНИТЕЛНИ НАПОМЕНИ
ГОЛДЕН ТУР ќе се труди да ја проверува точноста на податоците на овие страници и да ја проширува својата понуда. Трансакциите со кредитни картички во овој момент се активни поради што препорачуваме наплата преку посочениот линк за плаќање со кредитна картичка или печатење на формуларот за резервација со авторизиран потпис од носителот на кредитната картичка и испраќање на fax со фотокопија од кредитната картичка.
ГОЛДЕН ТУР ДООЕЛ
КОНТАКТ
Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528