top of page

БИТОЛА – ПЕЛИСТЕР- КРУШЕВО

1 ден САБОТА

    • Поаѓање во 07:00 од паркингот пред хотел Вип ( собирање на група 06:45)
    • Околу 9 часот посета на локалитетот Хераклеја Линкестис – 4 век п. н. е. Ова е еден од трите стратешки најважни градови покрај кои поминувала Виа Игнација и во римскиот период ја достигнуваат својата експанзија.
    • Пешачка тура низ Битола со водич. Посета на црква св. Димитрија, Саат Кулата, Јени Џамија, Исак Џамија, Стариот базар, Безистенот. Сите овие места ќе ги видиме со прошетка по познатиот Широк Сокак. Битола, градот на конзулите ќе ве воодушеви со убавина и гостопримство. 
    • Сместување во хотел Молика, Пелистер. Вечера и ноќевање.

2 ден НЕДЕЛА

    • Појадок. 
    • Слободно време за посета на национален парк Пелистер кој зафаќа површина од 17.150 хектари - надморска височина од 927 до 2601 m. Изобилува со уникатни природни богатства и претставува дом на ретки и ендемични животински и растителни видови.Слободно време за да ги видите и доживеете сите убавини на планината Баба и Пелистер, на располагање ви стојат бројни пешачки патеки: Детската, Историската, по Камењатот…
    • Посета на Крушево, градот на Републиката, Македониумот и градот на Тоше. Заедничка прошетка и слободно време.
    • Тргнување за Скопје во попладневните часови

Понудата вклучува:
    • 1 ноќевање со појадок и вечера во хотел во хотел Молика, Пелистер
    • посета на локалитетот Хераклеја Линкестис 
    • пешачка тура со водич низ Битола
    • посета на Национален Парк Пелистер
    • посета на Крушево
    • превоз на наведената релација
    • организација и водство на патувањето

Времетраење: 2 дена 

Појдовна локација: Скопје (од паркингот пред хотел Вип/по договор)

Понудата не вклучува: 

    • влезници за културно историски споменици
    • индивидуални трошоци

КОНТАКТ

Алберт Ајнштајн бр.8 / локал 1

Веднаш до Вардар Мебел
1000 Скопје, Македонија

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

M. +389 72 220 528

M. +389 72 311 222

info@goldentour.com.mk

events@goldentour.com.mk

bottom of page