top of page

СТРУГА, КАЛИШТА И ВЕВЧАНИ

Струга е град во југозападниот дел на Република Македонија и центар на Општина Струга. Лежи во рамнината на Струшкото Поле на двата брега на реката Црн Дрим и на северниот брег на Охридско Езеро. Античкото име на градот е Енхалон кој на старогрчки значи јагула и во тоа време градот бил мала населба. Подоцна населбата го добива името Струга. На пет километри југозападно од Струга, веднаш на брегот на езерото се наоѓа селото познато по старите цркви и манастири и рибните специјалитети. Во Калишта, на самиот брег на Охридското Езеро, во природен карпест амбиент се наоѓа манастирот Рождество на пресвета Богородица, меѓу народот познат како Калишки манастир. На 15 километри од Струга после селото Велешта, во падините на планината Јабланица е сместено едно најубавите македонски села - Вевчани. Ова е место за восхит по многу основи, рај за душата, место каде што може да се одморите, да ги впиете и да ги почувствувате скоро сите овоземски убавини кои природата несебично ги дарила.

07:30

Тргнување од Скопје

10:30

Разгледување на Струга кое вклучува:


-    Струшка чаршија
-    Мостот на поезијата
-    Спомен куќата на браќата Миладиновци
-    Црква Св. Ѓорѓија

12:30

Калишта - пештерната црква Раѓање на Св. Богородица

13:30

Ручек во Вевчани

14:30

Разглед на селото и посета на изворите

16:30

Заминување за Скопје

Времетраење: 1 ден во тек на целата година

Големина на групата: минимум 2 лица

Појдовна локација: Скопје (со договор при резервација)

Вклучува: транспорт, пијалоци за време на патувањето, ручек, целосна придружба на професионален туристички водич за сите знаменитости (со вклучени влезници)

Цена: по барање и во зависност од бројот на учесници

Untitled.png

КОНТАКТ

Алберт Ајнштајн бр.8 / локал 1

Веднаш до Вардар Мебел
1000 Скопје, Македонија

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

M. +389 72 220 528

M. +389 72 311 222

info@goldentour.com.mk

events@goldentour.com.mk

bottom of page