



БАРСЕЛОНА ЗА 8МИ МАРТ | CITY BREAK
8 Март под медитеранското сонце – само во Барселона
05.03.2026 - 08.03.2026 (3 ноќевања)
ПРОМО ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 399 ЕУР / 24658 МКД
Барселона е бисер на Медитеранот – град полн со уметност, култура и космополитска енергија. Во март ја облекува својата пролетна свежина, совршена за осмомартовско патување, girls’ getaway или викенд посветен на себе. Пријатните температури, сонцето и живописните улички создаваат идеален амбиент за прошетки, шопинг и уживање без сезонски гужви.
Од готските улички и модернистичките ремек-дела на Гауди, до квартовите Ел Борн, Грасиа и Еиксампле – Барселона нуди вистинска медитеранска магија. Саграда Фамилија, Парк Гуел и Каса Батљо блескаат под пролетната светлина, а прошетките по Ла Рамбла или покрај Барселонета откриваат совршена комбинација од градска енергија и морски спокој.
Март е одличен момент да се ужива во каталонската гастрономија – тапаси, локални вина, десерти и модерни foodie барови што се совршени за 8 Март прослави. Барселона во овој период нуди топлина, шарм и незаборавни моменти што ја прават идеална дестинација за пролетно, осмомартовско бегство.
ПЛАН И ПРОГРАМА:
05.03.2026 - ПРВ ДЕН
- Полетување од Скопје за Барселона во 17:20 часот.
- Пристигнување на аеродромот Ел Прат (Barcelona – El Prat) во 20:10 часот.
- Организиран трансфер од аеродромот до хотелот.
- Пристигнување и сместување во хотел.
- Ноќевање.
06.03.2026 - ВТОР ДЕН
- Појадок во хотел.
- Панорамска прошетка низ Барселона (околу 4 часа) со локален водич, која вклучува:
Саграда Фамилија
Катедралата на Барселона
Плоштад Каталуња
Плоштадот Ла Рамбла
Шпанско Село (Poble Espanyol) – уникатен музеј на отворено, кој опфаќа 49.000 м² со автентична архитектура од различни региони на Шпанија.
Монжуик (Montjuïc) со панорамски погледи
- По панорамската прошетка, факултативна посета на Аквариум Барселона – еден од најголемите аквариуми во Европа, особено интересен за семејства со деца.
- Препорака за традиционални тапаси во некој од локалните барови или ресторани, со цел да ја почувствувате вистинската атмосфера и вкусови на Барселона и слободно време за индивидуални активности, прошетки и шопинг.
- Опционално посета на Фламенго шоу.
- Ноќевање.
07.03.2026 - ТРЕТ ДЕН
- Појадок во хотел.
- Слободно време за индивидуални активности или факултативни посети:
- Камп Ноу – надворешна посета на најголемиот стадион во Европа и фан продавницата на ФК Барселона.
- Готска четврт (El Gòtic) во Барселона е еден од најстарите и најфасцинантни делови на градот. Сместена во срцето на Стариот град (Ciutat Vella), таа претставува лавиринт од тесни, средновековни улици, полни со историја, уметност и архитектонски богатства.
- Парк Гуел – едно од ремек-делата на Антони Гауди, познат по својата шарена мозаична керамика и фантастична архитектура.
- По препорака на агенцијата, има опција за уште едно доживување на тапаси, во некој од препознатливите локални ресторани или барови, каде ќе може да пробате разновидни вкусови и специјалитети.
- Слободна вечер за инвидуални активности или посета на Магичните фонтани.
- Ноќевање.
08.03.2026 - ЧЕТВРТ ДЕН
- Појадок во хотел и одјава.
- Можност за факултативна посета: Музеј Дали + Герона
- Парк Тибидабо – забавен парк и панорамска платформа со поглед кон целата Барселона.
- Парк Циутадела – идеално место за релаксација и прошетки.
- Плажата Ла Барселонета – едно од најпознатите места за одмор и уживање покрај море.
- Организиран трансфер до аеродром.
- Пристигнување на аеродромот, чекирање и подготовка за лет.
- Полетување за Скопје во 20:55 часот.
- Пристигнување во Скопје во 23:40 часот.
*Туристичката агенција го задржува правото на можни измени во програмата.
Во цената е вклучено:
-Повратен авионски лет од Скопје со рачен багаж
-Аеродромска такса
-3 ноќевања со појадок во Arya 3*
-Трансфер од аеродром – хотел – аеродром
-Локална поддршка во текот на патувањето
Во цената не е вклучено:
-Туристичка такса по лице / ден
-Факултативни излети
-Патничко осигурување
-Локален транспорт: метро или автобуски билети
Доплата за деца:
-80€ за деца до 02 години

КОНТАКТ
ул. Алберт Ајнштајн бр. 8 локал 1
Дебар Маало, веднаш до Вардар Мебел
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
М. +389 72 220 528
М. +389 76 455 735
