top of page

ВИЛА ВАГИА - Амудиа

Амудиа е мало рибарско место во општина Фанари, областа Епир во Грција. Ова место се наоѓа на брегот на Јонското Море, 9 км југоисточно од Парга и на 6 километри од познатото туристичко место Врахос. Устието на митската река Acheron опеана во Хомеровите поеми се наоѓа во ова рибарско место. Амудиа е мирно место сместено во залив и располага со прекрасна голема плажа со бела песок. Во ова место можете да најдете прекрасни таверни кои служат свежа морска риба уловена од локалните рибари. Исто така местото има кеј за вечерни прошетки, а локалните рибари нудат можност за прошетки со бротчиња низ митската река Acheron. Оваа дестинација ја препорачуваме за мирен фамилијарен одмор.

Вила Вагиа се наоѓа на 50m од плажа. Се наоѓа на почетокот на Амудиа, во мирно опкружување.Вилата се состои од студиа за 2 или 3 лица и апартмани за 4 лица, опремени со сопствена кујна (опремена со основен прибор за готвење) тераса, тоалет, ТВ, клима со доплата од 4еур за студио и 6 еур за апартман (на лице место) студиата се наоѓаат на приземје, од самата соба се излегува на сопствена тераса која гледа кон море. Апартманот се наоѓа на 1-ви спрат и гледа кон море, погоден за 4 лица, составен од две спални од кои во едната е француски спален кревет, а во другата со 2 стандардни кревети, и кујна опремена, тоалет, ТВ, Клима (со доплата од 6 еур на лице место) 

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И 50% УПЛАТА ДО 10.06.2021

На промо цените не следува попуст

ЦЕНИТЕ СЕ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

 

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Амудиа чини:

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Амудиа:

  • Скопје (Дрводекор) – 45€ по лице

  • Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -50€ по лице

  • Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) -45€ по лице

  • Кавадарци (БП Макпетрол – Дреново) – 45еур по лице

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Амудиа:

  • Битола -Автобуска станица Транскоп – на перон-40€ по лице

  • Кавадарци(бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола - 45€

  • Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -45€

  • Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -45€ по лице

  • Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) -Трансфер до Битола -45€ по лице

  • Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -45€ по лице

  • Ресен (спроти автобуска станица) -Трансфер до Битола -45€ по лице

 

Релациите кои се наведени како (трансвер) се реализираат со патнички возила или комбe

–  Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 15 Евра од редовната цена од Битола и 10еур од Скопје

– Деца до 1,99 години бесплатно

  

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

* LOYALTY CARD попуст 7 % и не се комбинира со попустите за рана резервација или промо цените
* За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)
*попустите не може да се комбинираат,
*Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет  (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител,
*Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page