top of page

ВИЛА SEA VIEW - Врахос

Вилата се наоѓа на прв ред на плажа, пред неа има бар на плажа со лежалки (кои не се бесплатни, се користат со пијалок или закуска). Сите апартмани имаат спална соба со еден дупли и еден единечен кревет, и во кујната која е одделена од спалната соба има уште едно легло. Кујната е опремена со прибор за готвење и јадење, мини шпорет со рерна, аспиратор, мал фрижидер, клима (со доплата од 5еур на лице место) ТВ, сопствен тоалет со туш кадичка, балкон со поглед кон море. Капацитетот на сите апартмани е 4 возрасни лица + 1 дете на дополнително легло ранџо и не е дозволено за 5то возрасно лице.

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА НАПРАВЕНА И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНА ДО 29.02.2020

-5% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА НАПРАВЕНА И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНА ДО 30.04.2020



На ПРОМО цените не следува попуст, ниту попуст за два последователни термина.

Првите три и последните два термина се промо цени.

ЦЕНИТЕ СЕ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА

Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
    • 7 ноќевања во студио.
    • Туристички придружник за време на патувањето.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
    • Автобуски превоз.
    • Задолжително патничко осигурување.

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Врахос:
Скопје (Дрводекор) - 45€ по лице
Штип (паркинг пред пошта) - Трансфер до Велес - 50€ по лице
Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) - 45€ по лице
 
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Врахос:

Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон) - 40€ по лице
Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) -Трансфер до Битола - 45€
Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола - 45€ по лице
Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) - Трансфер до Битола - 45€ по лице
Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) - Трансфер до Битола - 45€ по лице
Ресен (спроти автобуска станица) - Трансфер до Битола - 45€ по лице


Релациите кои се наведени како "трансфер" се реализираат со патнички возила или комбe.
- Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 15€ од редовната цена од Битола и 10€ од Скопје
- Деца до 1,99 години бесплатно
- Возрасни лица над 63 години - 10€ попуст
 
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
* За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините).
* попустите не може да се комбинираат.
* Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет  (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител.
* Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
 
Време на поаѓање за Врахос:
01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола
12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол, Дреново) трансфер до Битола
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) - Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) - Трансфер до Битола
02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

Време на заминување од Грција:

Врахос 13.00 часот / Амудиа 13.15 часот / Парга 13.45 часот

Минимум 1 ден пред секое поаѓање ве замолуваме да се информирате во агенција. Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето. Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Цените се дадени во евра. Плаќање исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page