top of page

ВИЛА ЈАНИС - Фурка

Вилата се наоѓа во центарот на Фурка, во мирен дел, оддалечена 2 мин. од песочната плажа. Располага со убаво уредени трокреветни студиа на прв спрат. Сите апп се опремени со нов мебел, со една спални со стандарди кревети одвоени со врата, комплетна кујна, ТВ, клима уред (вклучен во цена), бања.

***************************************************

III и IV лице бесплатно сместување

РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 31.03.2020

-15% ПОПУСТ СО ОРГАНИЗИРАН ПРЕВО3; -10% ПОПУСТ ЗА СОПСТВЕН

УПЛАТА 30% ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА, ОСТАТОК ДО 31.03.2020

НАПОМЕНА
Цените се дадени по лице за 7 и 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз.
За пакет аранжман од 9 ноќи со сопствен превоз се одбива 15€ од вкупната цена по лице.
Трето и четврто лице во АПП: бесплатно сместување, плаќаат само превоз.
Цена за превоз за дете од 2 год. - 11.99 год.: 25€ 
Цена за превоз за возрасен: 35€
Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот по локално време, а се напуштаат во 09:00 часот по локално време последниот ден!
Поаѓање од Скопје од Автобуска Станица во 05:00 часот. Враќање последниот ден во попладневните часови!
Доплата за туристичка такса - 0.5€ по соба на ден. Се плаќа на рецепција.

ОПШТИ УСЛОВИ
За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
За резервации направени на EARLY BOOKING, целосна уплата до наведениот датум. За сопствен превоз попустот се намалува за 5%.
Задолжително здравствено и патничко осигурување 240 мкд (за лица до 65 години) за пакет аранжман од 7 ноќевања, и 310 мкд (за лица до 65 години) за пакет од 9 ноќевања.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости, сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците!
Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот
За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (минимум важност 90 дена од денот на враќање во државата) и бел лист (виза не е потребна); не се потребни посебни вакцини.
Секој нов данок (за престој или слично) кој може да стапи на сила од јануари 2018 година ќе се плаќа по пристигнување во хотелот или апартманот директно од клиентот
Патниците се должни да се јават во агенцијата неколку дена пред поаѓање да се информираат за времето на поаѓање.
Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
Во смените означени со (*) - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ НЕ ВАЖИ

ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ
Состанок на групата 30 мин пред поаѓање на Главна Автобуска Станица Скопје (на перон 1 или 2)
Поаѓање за наведената дестинација преку Граничен Премин Богородица
Пристигнување и сместување во одбраните капацитети
Денови на престој (7 или 9)
Последниот ден собите се напуштаат во договорено време (наведено во куќен ред)
Попладневните часови поаѓање за Македонија
Пристигнување во вечерните часови на Главна Автобуска Станица Скопје

Цените се дадени во евра. Плаќање исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page