top of page

ИСТАНБУЛ ЗА ВЕЛИГДЕН

ИСТАНБУЛ ЗА ВЕЛИГДЕН

Датум: 16 Април | Денови: 3 | Превоз: Автобуски | Цена: 79 Евра | Хотел: 3*

Истанбул, единствениот град на два континенти! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина и историја, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности.

Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од неофицијално над 20 милиони жители.

ПРОМО ЦЕНА: 79€ до 15.03.2020, редовна цена 89€

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

- Две ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели.
- Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје.
- Посета на трговскиот центар Форум Истанбул.
- Посета на фабриката за традиционални слатки „Коска“.
- Туристички пратител за време на престојот.
- Организација за време на патувањето.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Задолжително патничко осигурување.
- Факултативните излети:

  • Аја Софија со лиценциран водич и аудио слушалки – 20€

  • Топкапи палатата со лиценциран водич – 20€

  • панорамски разглед на европски и азиски Истанбул – 15€

  • крстарење по Босфорот – 20€

  • Долмабахче палата со лиценциран водич – 25€

  • Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси – 25€

  • Туркуазу Аквариум – 15€

  • Свечена осмомартовска вечера со шоу програм и крстарење по Босфорот – 40€

  • Доплата за трансфер од Дреново, Прилеп и Битола – 10€ по лице


ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:

SILVER – 75 (редовна цена 85)

  • Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул

  • Крстарење по Босфорот

  • Долмабахче палатата

  • Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси


PREMIUM – 120 (редовна цена 140)

  • Аја Софија

  • Топкапи

  • Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул

  • Крстарење по Босфорот

  • Долмабахче палатата

  • Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси

  • Туркуазу аквариум


ИНФОРМАЦИИ:

  • За first minute цената се уплатува 30% аконтација за сигурна резервација. Остатокот се плаќа до една недела пред реализација на аранжманот.

  • За сингл соба се доплатуваат 40 дополнително од аранжманот.


Попусти за деца:

  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител).

  • Деца од 3 до 12 години за first minute плаќаат 50.

  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници.


Прв ден – 16.04 (четврток)

Средба на групата на Дрводекор во 15:30 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Ноќно возење со транзит преку Грција, попатни паузи и царински формалности.

Втор ден – 17.04 (петок)

Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).

НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите.

Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата.

Трет ден – 18.04 (сабота)

По појадокот, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот, следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.

Веднаш потоа се упатуваме кон Долмабахче палатата.

Четврт ден – 19.04 (недела)

По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата се упатува кон фабриката за производство на најпознатите турски слатки „Коска“, каде по фабрички цени можете да си купите оргинални турски баклави, локуми и секакви останати деликатеси. Потоа групата, се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните базени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.

Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:00 по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).


УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ. Валидноста на патната исправа треба да биде минимум 6 месеци од планираното враќање.


ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.

 

  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.

  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.

  • Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.

  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.

  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.

  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.

  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.

  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.

  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.

  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.

  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.

  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.

  • Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.

  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.

  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.

  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности).


ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
Со оваа програма важат Општите услови за патување на организаторот.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page