



RADIKA HOTEL & SPA RESORT - MAVROVO
Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк "Маврово", Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје.
Хотелот е целосно реновиран во 2008 година и претставува изненадување за сите кои за прв пат го посетуваат. Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборавен. Со чаша македонско вино можете да се опуштите и да уживате во посебната атмосфера и да се уверите во познатата македонска гостопримливост. Хотел Радика е идеално место за бегство од градскиот метеж и регенерирање на потребната енергија. Хотелот ги нуди најлуксузните и најпространи хотелски соби во Македонија, сите со современ, елегантен и удобен мебел, изградени во барок и модерен стил. Хотелските соби имаат поглед кон Мавровското Езеро и дел кон планински пејзаж. Хотелот располага и со внатрешен и надворешен базен, фински сауни, парни бањи, масажи, турски амам, џакузи со солена вода, спортски терени, забавно рекреативен центар, ски лифт, ски опрема, моторни санки за возрасни и деца, велосипеди како и многу други подобности кои ќе го направат Вашиот престој во Радика исполнет и интересен.
Цените се изразени во денари по лице/ноќевање со вклучен појадок.
Цените се однесуваат само за индивидуални гости
Деца од 0-4 години сместени со родителите - бесплатно
Деца од 4-12 години сместени со родителите - 930 мкд по дете по ноќевање
Трето возрасно лице во соба - 1550 мкд по лице по ноќевање
Вклучено во цената на сместување:
Туристичка такса, Осигурување, ДДВ
СПА & Фитнес центар: Внатрешен базен, Џакузи, Сауни, Парни бањи, Приватна кабина со солена вода, Хамам, Фитнес сала
Спорт Бар: 500 спортски канали, билијард, пикадо
Пинг понг, Фудбалче, Внатрешна детска игрална
Паркинг
Интернет, ИП/ТВ
Дополнително се доплаќаат:
Ручек – 930 мкд по оброк по лице
Вечера – 930 мкд по оброк по лице



КОНТАКТ
Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528