top of page

ЗАГРЕБ - ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА - БЕЛГРАД

4 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА

10-14.10.2018

1 ден:  Македонија – Загреб
Состанок на групата пред спортска сала Младост во 17:30ч. Заминување во 17:30ч. од Битола, попатнo Прилеп (бензиска Лук Оил), Велес (бензиска Макпетрол-автопат), Скопје (паркинг пред хотел Континентал), Куманово (бензиска Макпетрол-автопат) доколку има патници.

2 ден:  Загреб
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Сместување. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Попладне разглед на Загреб со професионален туристички водич: плоштадот Бан Јелачиќ, Собранието… Ноќевање.

3 ден: Загреб – Плитвички Езера – Загреб
Заминување за светски најпознатиот хрватски национален парк Плитвички Езера. По пристигнувањето разгледот почнува со ПРОГРАМА „F”. Ручек (факултативно). По ручекот враќање во Загреб. Ноќевање.

4 ден: Загреб – Белград – Македонија
Појадок. Во договор со придружникот на групата од агенцијата, заминување од Загреб за Белград. Попатни паузи, царински формалности. По пристигнувањето во Белград слободно време или факултативно разглед на градот (15:00-16:00ч) од панорамски (отворен) автобус + крстарење со брод (16:00-17:30ч): од автобус се посетуваат: Булеварот на кралот Александар Караѓорѓевиќ, Плоштадот Ослободување-Аутокоманда, Плоштадот Славија, Теразије, Коларчева, Плоштадот Република, Васина улица, Бранков мост, Булевар Никола Тесла, Ушче, Булевар Михаило Пупин, а од брод околу 20 км на белградско крајбрежје. По разгледот заминување за Македонија, попатни одмори, царински формалности. Ноќно возење.

5 ден: Македонија
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови, Куманово, Скопје, Велес, Прилеп, Битола…

 

редовна цена 178 €
за уплата до 20.09.2018 = 148 € во 1/2

 

редовна цена 166 €
за уплата до 20.09.2018 = 138 € во 1/3

редовна цена 218 € 
за уплата до 20.09.2018 = 182 € во 1/1

Пoпуст 20% за деца 2-12 г. од цената за возрасен во DBL/TRPL соба

 

Во цената Е вклучено:
– превоз со туристички автобус на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во Загреб или околината во хотел 3*
– разглед на Загреб со професионален водич
– придружник од агенцијата
– организација и реализација на аранжманот

Во цената НЕ Е вклучено
– Превоз Загреб - Плитвички Езера, професионален водич за Плитвички Езера и влезница; превоз со електро брод и панорамски воз према програмата - 35 € возрасен, 25 € дете 7-18 год (минимум 20 лица)
– Панорамски разглед со автобус и брод – Белград (возрасен = 15 евра, дете до 12 г. = 8 евра)
– Неспомнати услуги
– Личен трошок на патниците

– Патничко осигурување

ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА

ПРОГРАМА „F”

Разгледот трае 3-4 сати/4.600 м

Разгледот започнува на јужниот влез во паркот („Влез 2“). По кратката прошетка, разгледот продолжува со електро брод преку езерото „Козјак“, а потоа повторно прошетка преку кањонот „Долно езеро“ се до „Големиот водопад“. Од таму стрмен пат води кон источната страна на кањонот, каде има многубројни видиковци со незаборавни погледи кон кристално сините езера и високите карпи. Со панорамски воз пристигнуваме до почетната точка. Во склоп на оваа програма, турата е кружна. https://np-plitvicka-jezera.hr/

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:

Аванс 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

 

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ,  НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимален број од 40 патници.

Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.

Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 25 патници.

Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи агенцијата не сноси одговорност.

Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.

Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот (нема можност за измена).

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи.

Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.

Аранжманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 61,80мкд.

Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на организаторот.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page