HOTEL PANORAMA
Хотел Панорама и Спа во Крушево нуди сместување во соби опремени со клима, ТВ со рамен екран и кабелски канали, гардероба, купатило со туш и фен. Располага со вкупно 20 соби и апартмани: 12 двокреветни, 2 трокреветни и 6 апартмани. Сите се со величествен панорамски поглед кон Крушево, освен еден Јуниор апартман, кој е со бајковит поглед кон буковата корија. Хотелот располага со затворен базен, градина, бесплатен WiFi интернет, СПА центар и ресторан со прекрасен поглед кон градот.
Во зимската сезона, користењето на жичарницата и ски лифтовите се бесплатни за гостите на хотелот.
Понудените цени се во денари, по соба/ноќевање со вклучен појадок.
Во цената е вклучено користење на СПА центарот, интернет, телевизија, паркинг, ДДВ, туристичка такса, осигурување, complementarity café и вода по собите, 10% попуст во Lounge Bar Alto кој се наога на ски терените во Крушево, карта за жичарата и ски-лифтовите и ски-опрема.
Во супериор, јуниор и делукс апартман има опција за сместување на трето возрасно лице и се доплаќа 10€ BB по ноќ, или кога станува збор за фамилија две деца, за деца до 8 години е бесплатно, за деца над 8 години се доплаќа 10€ BB за дете по ноќ.
Дополнителен оброк (ручек или вечера) - 10€ по лице и е на база сет мени
(предјадење, главно јадење, десерт и еден безалкохолен пијалок).
За деца до 8 години се доплака 5€ и добиваат пола порција, за деца над 8 години е исто како и за возрасен.
КОНТАКТ
Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528