top of page

ORPHEY

Хотелот Орфеј е луксузен хотел со четири ѕвездички чија единствена локација привлекува голем број на туристи во текот на целата година. Се наоѓа во тивок и пријатен дел на Банско, на само 5 минути од центарот и на 2 километри од првата станица на гондолата.


Хотелот нуди совршени услови за престој на семејства со деца, индивидуални посети, како и групи. Хотелот нуди одлични услови за скијачите и сноубордерите, како и за љубители на убаво време, забави и убавината и свежиот воздух на Пирин. Располага со капацитети за организирање на конференции, семејни настани, прослави и сл.


Хотелот располага со двокреветни соби, фамилијарни соби и апартмани, сите  опремени со сателитска телевизија, телефон, минибар, фен и балкон. Собите немаат кујна, бидејќи станува збор за класичен хотел. На располагање за сите гости во хотелот има базен, финска сауна, био сауна, парна бања, џакузи, лакониум, релакс зона, фитнес. Хотелот има мини бус кој скијачите ги носи до гондолата и цена во еден правец е 3 лева по лице.

ПОНУДЕНИТЕ ЦЕНИ СЕ ПО ЛИЦЕ.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

    • три ноќевања во хотел ОРФЕЈ 4*(https://orphey.com/) на база полупансион (појадок и вечера)
    • автобуски превоз со високотуристички автобус на релација Скопје - Банско - Скопје
    • неограничено користење на базенот и спа центарот во хотелот (сауна и парна бања), како и теретана
    • комплетна организација и придружник за време на патувањето и престојот во Банско

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
    • задолжителна доплата за туристичка такса, 1€ од ден
    • задолжително патничко осигурување
    • факултативна посета на бачило

 

НАПОМЕНИ:
    • Дете од 0 до 2,99 години не плаќа и спие во кревет со возрасен
    • Дете од 3 до 11,99 години на дополнителен кревет плаќа 50% од сумата
    • Дете со еден возрасен на класичен кревет ја плаќа целосната сума на аранжманот
    • Доколку користите сопствен превоз, се одбиваат 10 евра од сумата на аранжманот

 

МОЖНОСТ ЗА БИРАЊЕ НА ТЕРМИН И БРОЈ НА НОЌЕВАЊА ВО ЗАВИСНОСТ ОД ПЕРИОД.

ЦЕНИТЕ СЕ ПО ЛИЦЕ НА БАЗА ПОЛУПАНСИОН И СОПСТВЕН ПРЕВОЗ.

ОПЦИЈА ЗА ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ДАТУМОТ (со доплата).

7 ноќи редовна цена 219€, до 20.12 - 199€
5 ноќи редовна цена 179€, до 20.12 - 159€


ПРОГРАМА:
Прв ден (четврток): Состанок на групата во раните утрински часови на Дрводекор во Скопје. Поаѓање за Банско по сместувањето на багажот и патниците во автобусот. Патување преку граничен премин Деве Баир, со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Банско во попладневните часови и сместување во хотел. Слободно попладне и време за индивидуални активности.
Вечерта во зависност од договорот со претставникот, се посетува некој од локалните клубови и дискотеки.


Втор ден (петок): Во договор со вашиот водич, постои опција за факултативна посета на бачилото (Бандеришка Полјана). Групата се задржува неколку часа и ужива во зимското Сонце, пиејќи топло чајче со рум или греено вино. Атмосферата се вжештува со забавата која ја прават девојките качени на хамери, кои покрај оние што се дојдени за уживање, ги примамуваат и скијачите да се придружат на забавата.
Повторно вечерта организирана посета на клуб или диско.


Трет ден (сабота): Слободен ден за секакви активности по ваша желба, а вечерта како за крај повторно се посетува некој локален паб или клуб.


Четврт ден (недела): Напуштање на собите до 10:00часот, слободно време се додека не дојде време за поаѓање за Македонија (во договор со водичот). При враќањето кон Македонија, групата застанува во Метро на кратка пауза за освежување и мал шопинг. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.


НАПОМЕНИ:
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенција или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенција, во готовo, со кредитна картичка или на трансакциска сметка.
• За еднокреветна соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот.
• За сопствен превоз се одземаат 10 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
•Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
•Во собите има пешкири, додека за бањарка се доплатува 5 лева на самата рецепција (по желба).

Цените се дадени во евра. Плаќање исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page