



ВИЛА МИНА ЛУКС - Ипсос
Вила „Мина Лукс“ се наоѓа на 150 метри од плажата и се состои од две згради. Вилата има базен со лежалки (бесплатно) и се состои од двокреветни студија и четврокреветни апартмани (дуплекси). Сите соби имаат мини кујна, фрижидер, решо, прибор за соодветниот број на лица, тоалет, ТВ, клима (со доплата по желба) и балкони кои гледаат према базенот, ви-фи интернет (агенцијата не сносува одговорност за брзината и квалитетот на истиот). Во некои од студијата постои можност за додавање на трет дополнителен кревет. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Во дуплексите има две клими кои посебно се наплатуваат 5 евра од ден, по желба.
Понудата е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз.
Доплата во автобус за траект 18€ по лице.
На акциските цени, нема одбивање за сопствен превоз.
• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица - Крф - Игуменица од 18 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден. Се плаќа во автобус.
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата: во готовo, со кредитна картичка или трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 18 евра за траект.
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст - не.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола).
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
• Цена само за превоз 60 евра со доплата од 18 евра за траект – во два правци.
•Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
•Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
-
Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен.
-
Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 18 евра за траект.
-
Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 18 евра за траект.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
-
Check in во собите е после 14h по грчко време
-
Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
-
Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
-
Четворокреветните соби се со две посебни спални соби и тераси, физички одвоена кујна и одвоен тоалет.
-
Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот
-
Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
-
Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
-
Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата или петти дополнителен кревет во апартманите.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
-
Посета на градот КРФ – посетата и прошетката низ стариот град е уникатно доживување кое не смее да се пропушти. Градот на светецот Спиридон, старата тврдина, плоштадот Листон, град кој потсетува на Дубровник и Венеција. Тука ќе ги дознаете сите значајни работи за градот, но и самиот остров преку нашиот водич кој ќе биде со вас за време на излетот. ЦЕНАТА на факултативата по лице изнесува 10 евра.
-
ТУРА СЕВЕР – Целодневен излет каде се посетуваат најубавите предели на островот. Фабриката за производство на ликери од традиционалното овошје КумКуат, плажата Палеокастрица, манастирот Богородица, аквариумот (опционално), највисокиот врв со прекрасен видиковец каде се гледа цела Палеокастрица, местото Сидари со познатиот канал на љубовта. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 25 евра по лице
-
ПОСЕТА НА ПЛАЖАТА ГЛИФАДА – Вистинско уживање на најпопуларната песочна плажа на островот, позната по неверојатно убавиот златен песок и прекрасна плажа. Целодневно уживање, сончање и капење. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 15 евра по лице.
-
ЦЕЛОДНЕВНО КРСТАРЕЊЕ низ североисточната обала на островот со вклучен ручек – Крстарење кое ќе ве исполни со позитивна енергија и ќе ви ја наполни душата. Крстарење со повеќе застанувања. Капење на дива плажа и ручек (скара) на плажата. Ручекот е доста богат и вклучува два вида на месо, салата, леб и неограничено пиење на вино или сокови за време на ручекот. Посета на градот Касиопи и на враќање застанување крај пештера и посета на истата. ЦЕНАТА НА ИЗЛЕТОТ е 27 евра по лице.
Дополнителни факултативи:
-
Крстарење на Паксос и Антипаксос – целодневно крстарење до светски познатите мали острови кои се познати по неверојатната тиркизна боја на морето и песок бел како брашно. Пауза на еден од островите и можност за ручек и капење. ЦЕНАТА на излетот е 30 евра по лице.
-
АКВАЛЕНД – Посета на вториот по големина аквапарк во Европа, со безброј можности за адреналинско доживување, мрзлива река, безброј тобогани и уште многу интересни изненадувања ве очекуваат таму. ЦЕНА со превоз и влезница е 30 евра.
Цените се дадени во евра. Плаќање исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

КОНТАКТ
ул. Алберт Ајнштајн бр.8 локал 1
Веднаш до Вардар Мебел во Дебар Маало
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528 | +389 72 311 222 | +389 72 220 528