top of page

HOTEL MILLENIUM PALACE

На брегот од прекрасното Охридско Езеро, на само 500м од центарот на Охрид, 10 км од меѓународниот Охридски Аеродром и 3 км од градската автобуска станица. Нуди незаборавен поглед кон езерото, стариот град и древната Самоилова тврдина. Од стариот дел на градот ве дели само кратка, пријатна прошетка покрај езерото. Ќе бидете воодушевени од неверојатниот спој на природните и културно-историски богатства: антички споменици, цркви, музеи, сето тоа надополнето со прекрасен поглед, особно на зајдисонце.

Дадените цени се со вклучен: надворешен паркинг со видео надзор (само со автомобили и комбиња), безжичен интернет во лоби, ресторанот, семинарската сала и во собите, финска сауна, турска парна бања, теретана, ДДВ и туристичка такса.

Забелешка: Дадените цени се без вклучен пијалок за време на ручек/ вечера.

Политика за деца: за 0–7 години е без доплата; за 7–12 години следува 50% попуст.
Доплата за трето возрасно лице во двокреветнa стандардна соба на помошен кревет: 610 МКД 

Дополнителен оброк (ручек или вечера): 305 МКД по лице (без вклучен пијалок).

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page