Diamond City 3*
Marin Princess 5*
Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 60км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор и релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО!
Поради неверојатната близина, Кумбургаз е омилена викенд дестинација на жителите на Истанбул, кои тука го наоѓаат својот мир од огромниот сообраќаен метеж во градот.
Diamond City Hotels & Resorts 3* се наоѓа на брегот на Кумбургаз со своја приватна плажа. Модерно опремен хотел, кој нуди комфор и релаксација на своите гости и секако располага со WiFi конекција. Хотелскиот ресторан располага со интернационална, но и со вкусната традиционална турска храна, а истовремено нуди прекрасен поглед над Мраморното море и отворена тераса за да уживате во летните сончеви денови.
Marin Princess 5* покрај својата приватна плажа, нуди нешто повеќе поради категоризацијата. Така, тој располага со 2 базени, фитнес центар, сауна и турска бања, и секако WiFi интернет. Секоја соба е опремена со сателитска телевизија. Покрај класичната кујна, хотелот нуди и можност за интернационална кујна за ручек и вечера. Гостите можат да уживаат во надворешните базени кои имаат и лизгалки.
Цените се изразени по лице и вклучуваат 5 ноќевања со појадок во еден од одбраните хотели
* Поаѓањето е еден ден пред терминот во вечерните часови
НАПОМЕНИ:
Автобуски превоз на дадената релација.
Туристички придружник и организација за време на престојот.
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
За еднокреветна соба се доплатуваат 70% дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 12 години плаќаат 70% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите и безбедносните протоколи. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ И ГОЛДЕН ТУР.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција.
За влез во Турција потребно е пасошот да е минимум до 6 месеци пред истекување.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Патничко осигурување
Факултативните излети:
> VIP пакет 65 евра со сите вклучени факултативи за Истанбул (крстарење по Босфор, посета на Моминската Кула, Ускудар, Emaar Squaer Mall, Watergarden, Таксим.
ПРОГРАМА:
ПРВ ДЕН: Собир на групата на паркингот на Дрводекор во 20:30 часот, со тргнување во 21:00. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните денови. Пристигнување во утринските часови и сместувањето во хотел.
ВТОР ДЕН: По пристигнувањето во хотелот патниците ги оставаат куферите во лоби на хотел и добиваат информации за своите соби (број на соба, време на check in), а добиваат слободно време за одмор во лоби на хотел каде може да ги користат тоалетите, соблекувалната и бежичниот интернет. Потоа следува слободно време за уживање покрај море и истражување на околината на Кумбургаз.
ТРЕТ ДЕН: Третиот ден започнува со појадок чие време на одржување е одредено од менаџментот на хотелот. Остатокот од денот е слободен за сите патници за да може да го искористат за капење во морето и релаксација се до 18:30 минути кога е предвидено факултативна екскурзија за да го запознаете Кумбургаз во друго светло.
Ќе имате можност да ја видите зградата на општината на Бујукчекмеџе која претставува најголем белег во ова место, и да уживате во прекрасната прошетка на брегот на мраморното море.
Шетајќи по шеталиштето покрај брегот ќе наидеме на ресторани и кафетерии кои се на самата плажа на само неколку чекори од морето. Овде ќе имате можност за прошетка на шеталиштето и со возче, а истотака ќе може да сретнете и традиционални турски тезгаџии каде што може да се купи се од сувенири, па до облека.
ЧЕТВРТ ДЕН: Слободен ден за плажа, сончање и пијалок. Можно е и организирање на журка на плажа доколку се заинтересирани поголемиот дел од патниците. По завршетокот на денот следува ноќевање.
ПЕТТИ ДЕН: Петтиот ден започнува со појадок, а потоа се упатуваме кон Истанбул, каде ќе уживаме во следните факултативи:
09:30–КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.
11:00- МОМИНСКА (ДЕВОЈАЧКА) КУЛА (Kiz Kulesi).
По крстарењето,групата се упатува кон Женската Кула истотака позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мало островче кое се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.
13:30- УСКУДАР
Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.
16:30- EMAAR SQUARE MALL
Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Оваа дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.
Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.
ШЕСТИ ДЕН: Шестиот ден започнува со појадок и поаѓање кон аква паркот.
Во шестиот ден од програмата ви го нудиме Aqua Marine Aquapark.
Аква Марин е воден парк кој им служи на своите посетители од 1999 година. Со своите разни слајдови и базени, има за цел да ви подари на вас и на вашите деца неверојатно забавен ден. Исто така е исклучително хигиенски и безбеден. Паркот, во кој можат да се сместат 3.000 посетители во исто време, користи супстанции со меѓународни стандарди и ги има истите стандарди на хигиена. Додека се забавувате, можете да побарате од фотографи околу вас да ви направат ваша фотографија. Можете да се вратите дома со прекрасно сеќавање и добро расположение.
Времето за поаѓање кон хотелот го организира водичот.
По враќање во хотелот следува ноќевање.
СЕДМИ ДЕН: Седмиот ден започнува со појадок, веднаш потоа следува поаѓање кон Македонија.
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
ВАЖНА НАПОМЕНА: Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување не е потребно PCR тест. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности).
ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
КОНТАКТ
Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528