top of page

КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАН И АТЛАНТИК

ГРУПНО ПОАЃАЊЕ СО ВОДИЧ ОД СКОПЈЕ
Поаѓање: 03 ОКТОМВРИ 2021

160922_Alfa_01_770.jpg
cruise.jpg

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1 ден | 03.10.2021 СКОПЈЕ/ОХРИД – ТИРАНА

Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски во 20:00 часот. Поаѓање за Тирана преку Охрид со автобус. Попатно качување на патници во Охрид околу 23:00 часот пред хотелот Дончо.

2 ден | 04.10.2021 ТИРАНА – ЏЕНОВА

Пристигнување на аеродромот во Тирана околу 03:00 часот. Полетување за Рим во 05:25 часот. Слетување во Рим во 06:50 часот. Полетување за Џенова во 09:30 часот. Слетување во Џенова во 10:35 часот. По завршување на пасошките и царински формалности организиран превоз до пристаништето на МСЦ во Џенова. Процедура за чекирање на нашиот брод МСЦ СПЛЕНДИДА. Почеток на крстосувањето.

3 ден | 05.10.2021 БАРСЕЛОНА 13:00 – 18:00

Можност за факултативен разглед на Барселона во траење од 3 часа. Автобуски разглед на неколку значајни обележја на градот, Шпанско село, Монжуик, Саграда Фамилија на Антонио Гауди како и куќите Мила и Батљо, плоштадот Каталонија и улицата Рамбла.

4 ден | 06.10.2021 Пловидба

Ден во пловидба, можност за уживање во содржините на бродот Сплендида.

5 ден | 07.10.2021 КАЗАБЛАНКА 08:00 – 22:00

Можност за факултативен разглед на Казабланка. Основан од Картагените кои го нарекле Анфа, градот со денешен изглед е целосно изграден по катастрофалниот земјотрес во 1755 година. Панорамски ќе ги разгледаме главните улици и плоштади, кратко застанување во Habous деловите и локалниот пазар да го почуствуваме секојдневниот живот во градот. Ќе ја посетиме катедралата Notre Dame de Lourdes како и најзначајното обележје, величествената џамија на Хасан II, најголемата џамија во исламскиот свет по онаа во Мека. Слободно време за шопинг.

6 ден | 08.10.2021 Пловидба

Ден во пловидба, можност за уживање во содржините на бродот Сплендида.

7 ден | 09.10.2021 САНТА КРУЗ ДЕ ТЕНЕРИФЕ 08:00 – 17:00

Можност за факултативен разглед. Сместен спроти западниот брег на Африка, Тенерифе е најголемиот остров на Канарскиот архипелаг, благословен со умерена клима и прекрасни пејсажи како и дом на прекрасни крајбрежни ресорти од кои еден ќе посетиме-Puerto de la Cruz сместен на северниот брег на островот. Панорамско возење низ долината Оротава и посета на истоименото мало градче. Основан во 15-от век од неколку богати семејства кои живееле на островот, Оротава сочувала бројни остатоци од минатото. Шетајќи низ живописните улички на ценарот на градот ќе стигнеме до познатата Casa de Balcones, трикатна куќа од 17от век со балкони и двор направени од борово дрво. Куќата е типичен пример на тоа како изгледала аристократска куќа во посочените периоди. Турата продолжува со посета на ботаничка градина богата со тропски билки. И така стигнуваме до Puerto de la Cruz, главниот туристички центар на островот, прекрасно место да ги истражите полните улички, уживате во одлична атмосфера и направите шопинг терапија.

8 ден | 10.10.2021 ФУНЧАЛ 09:00 – 17:00

Можност за факултативен разглед. Името Фунчал доаѓа од растение од анасон, кое се користи во слатките rebuçados de funcho кои може да се најдат насекаде низ островот Мадеира. По 30 минутно возење стигнуваме до Eira do Serrado и застануваме на 1.026 метри надморска височина на место со фантастичен поглед на околните планини и на селото кое лежи во долината Нун. Продолжуваме до селото Монте сместено високо во планините, да го посетиме соборниот храм Nossa Senhora do Monte, црква со прекрасни градини од величествени растенија кои ја прават климата на Мадеира извонредна. Бидете спремни за величествен поглед кога ќе се спуштаме со жичарница накај Фунчал. Слободно време за шопинг, кафе и вино.

9 ден | 11.10.2021 Пловидба

Ден во пловидба, можност за уживање во содржините на бродот Сплендида.

10 ден | 12.10.2021 МАЛАГА 08:00 – 14:00

Можност за факултативен разглед. Сместена на најјужниот дел на Шпанија на брегот на Медитеранот, Малага не е само најпознато туристичко место со нејзините плажи и сончева клима, туку и еден од најстарите светски градови и родното место на Пабло Пикасо. Турата започнува со прошетка низ главните улици на градот, големиот булевар Alameda Principal покрај кој е своевидна ботаничка градина со тропски растенија. Посета на катедралата од 16от век, еден од најважните примери на Андалузиската Ренесансна архитектура. Прошетка покрај тврдината Gibralfaro. Слободно време за прошетка низ живописните улици на централна Малага како и за шопинг и вино.

11 ден | 13.10.2021 Пловидба

Ден во пловидба, можност за уживање во содржините на бродот Сплендида.

12 ден | 14.10.2021 РИМ (РИМ ТИРАНА)

Пристигнување во Чивитавекија во 09:00 часот. Напуштање на бродот околу 10:00 часот. Организирана целодневна посета на Рим. Колосеум, Ватикан и Свети Петар (од надвор), Пјаца Навона, Шпански скали, Фонтана ди Треви, Пјаца Венеција... Поаѓање накај аеродромот во Рим во 18:00 часот. Полетување за Тирана во 22:10 часот. Пристигнување во Тирана во 23:40 часот. По пасошките и царински формалности поаѓање накај Охрид и Скопје.

13 ден | 15.10.2021 ОХРИД СКОПЈЕ

Пристигнување во Охрид околу 01:00 часот.

Пристигнување во Скопје околу 04:00 часот.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ

t3_100257.jpg

Внатрешна кабина

652 €

msc-crociere-msc-splendida-esterna.jpg

Прозорска кабина

820 €

msc-crociere-msc-splendida-balcone.jpg

Балконска кабина

1.035 €

Пристанишни и аеродромски такси 334 €

Цена за дете до 18 год сместено со двајца возрасни во кабина 195 € плус 334 € такси

Уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд

Во цената е вклучено:

  • Автобуски превоз Скопје/ Охрид – Тирана и обратно

  • Авионски превоз на релација Тирана Рим Џенова – Рим Тирана

  • Чекиран багаж: 1 парче до 23кг

  • Рачен багаж до 8кг

  • Сместување во избраната кабина

  • Храна на бродот на база проширен полн пансион

  • Користење на базен, фитнес сала, театарски представи на бродот

  • Целодневен разглед на Рим

  • Лиценциран водич од Македонија за време на целото патување

Во цената не е вклучено:

  • Аеродромски и пристанишни такси 174€ + 160€, вкупно 334€ (изразени одделно во табелата со цени)

  • Дополнително (второ) парче чекиран багаж 120€

  • Виза за Мароко 30€

  • СПА центарот на бродот

  • Напојници на бродот 10€ по лице на ден, 5€ за дете до 15год на ден

  • MSC “Covid Proptection Plan” осигурување 25€

  • Факултативни излети


Факултативни излети:

Според актуелната ситуација со Ковид 19, на бродовите на МСЦ кои моментално пловат се спроведуваат посебни мерки и процедури како што се: Два пати тестирање за Ковид, едно на почетокот при чекирање за влез на бродот и едно кон средината на крстарењето, вентилација со HVAC свеж воздух, заштитени излети “Social Bubble” и други. Заштитени излети значи дека не е дозволено самоиницијативно излегување од бродот по пристаништата – градови од рутата туку мора да се купуваат излетите организирани од бродската компанија заради сите мерки кои претходно се превземаат за секое пристаниште: задолжително се дезинфицираат автобусите, се тестираат сите возачи и водичи. Ова е моменталната ситуација, се надеваме дека до октомври заштитените излети нема да бидат задолжителни.

Доколку заштитените излети не се задолжителни во сите градови каде што има можност од наша страна ќе бидат организирани бесплатни пешачки разгледи со евентуално плаќање на автобуски трансфер од пристаниште до центарот на градот каде што е потребно (10-15€ оквирно).

Цени за факултативни разгледи предложени во програмата:

Барселона 35€ | Казабланка 85€ | Тенерифе 62€ | Фунчал 65€ | Малага 52€

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page