top of page

КАПАДОКИЈА

Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед, a самиот поглед на овие необични структури остава мистичен и магичен впечаток. Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската. 

ТЕРМИН: 07.10-13.10 (3 ноќи)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ (целосна уплата до 25.09.2020) – од 189 евра

РЕДОВНА ЦЕНА - од 209 евра

1 Ден | СКОПЈЕ – ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:

Состанок на групата на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски во 08:30ч. Поаѓање во 09:00ч. Се патува преку граничен премин Деве Баир, Бугарија (Софија, Пловдив), покрај Истанбул, Анкара, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 Ден | СОЛЕНО ЕЗЕРО (TUZ GOLU) - ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:

Патуваме кон Кападокија со попатна пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот - долго 80 км, широко 50 км, длабоко 50 см, ( во зимскиот период достигнува длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите со сол во Турција се црпат токму од ова езеро. По одморот продолжуваме кон Ѓореме, Кападокија. Пристигнувањее во пладневните часови. Сместување во одбран хотел. Индивидуална прошетка и запознавање со местото.

Во пoпладневните часови започнува магијата на Кападокија:

Предлагаме возбудлива посета на ЦРВЕНА ДОЛИНА и запознавање со првите приказни за Кападокија. Потоа прошетка низ стара грчка напуштена населба Чаушин. Прошетка покрај “самовилините оџаци“. Можност за освежување со свежо цеден сок од калинка. Посета на остатоците од старата тврдина - место со најубавиот залез на сонцето(факултативно). Вечера. Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Ѓореме. Ноќевање.

3 Ден | ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА: ЛЕТ СО БАЛОН –  “КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА” – ТУРСКА ВЕЧЕР

Денот е предвиден за 3 возбудливи доживувања:

 

1. ЛЕТ СО БАЛОН: од платото нахотел ТУРИСТ 4*!

Рано наутро пред магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над самовилските оџаци на Кападокија. Ова е авантура што никогаш нема да ја заборавите и ќе уживате во убавината и возбудата додека балонот нежно се издига. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балони во лет и секако магичното изгрејсонце. Во состав на екскурзијата е вклучена и лесна закуска со чај/кафе, шампанско на крај на летот и сертификат за летање со балонот.Враќање во хотел.

Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните. Летот на балоните најмногу зависи од временските услови (ветер, дожд, магла) и протокол за Ковид 19. Појадок.  

 

2. КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА: Ве водиме во подземниот град  Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени 4 ката под земјата, поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км. Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка  по дел од долината, по течението на реката Мелендиз,  со пауза за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Пауза за ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река. Продолжуваме кон манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во  Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години. Враќање во хотел. Вечера.

 

3. ТУРСКА ВЕЧЕР: Во вечерните часови  ве водиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц,  во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна  вечера по ваш избор и неограничена дегустација на локално вино, турска ракија, водка, пиво, сокови.  Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 Ден | ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА – “ МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА” (МУСТАФАПАША - КАЈСЕРИ)

Појадок. ....Во водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации. Почнуваме со посета на Мустафапаша, стара Грчка населба  Синасос, некогаш едно од најбогатите места. Денеска место каде живеат Македонци. Потоа ве водиме до Keslik Mанастирот, издлабен во вулканскиот туф уште во времето на Византијците и се користел све до 1920 г. Потоа пристигаме во  Кајсери. Голем, моќен и многу важен центар кој Селџуцките Турци го освојуваат како и Кападокија и цела централна Анадолија во 1084 год. Место каде што се уште постои најстарата Болница во Анадолија, изградена од Селџуците во 1206 год. а денес претворена во Музеј на Историјата на Селџуците. Ќе ја видиме и Sahibiye medresesi – некогашната школа за Исламот, денеска претворена во продавница за книги. Ќе ја видиме и џамијата Hunat Hatun od 13 век. Во Кајсери постојат и остатоци од Римскиот период. Кајсери е познат по најквалитетната ПАСТРМА и СУЏУК во Турција. На 25 км од Кајсери се издигнува највисоката планина во Анадолија, Erciyes, 3917 m. висока, со кратер на врвот од изгаснат вулкан. Прошетка низ прочуената Кајсери чаршија. Место познато и од Турските ТВ серии. Секако, ве водиме и во шопинг центар ФОРУМ.

Враќање во хотел. Слободно време. Вечера.

По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија – Танц на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарај од 1259, сместен покрај некогашниот пат на свилата.

Доживејте ја магијата на единствената мистична изведба на Дервишите. Ноќевање.

 

5 Ден | ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:  “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”

Појадок. Ве водиме во Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со Ѓореме – срцето на Кападокија, со посета на  “Ѓореме музејот на отворено”- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век , на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина а најзначајна од нив е црквата Св. Василиј. Комплексот е под заштита  на УНЕСКОод 1984 год. Одиме кон замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме. Продолжуваме кон Чавушин, напуштено село со пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Попатна посета на работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир. Следи разглед на Пашабаги, со необичната формација на троглава самовила, а потоа посета на долината на имагинации Дервент, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени - волшебни оџаци. Посета на долината Зелве. Посета на долината на љубовта и за крај кратка пауза за фотографирање во долината на гулабите.

 

КАПАДОКИЈА – АНКАРА - СКОПЈЕ: Полни со впечатоци, во доцните попладневни часови поаѓаме кон Скопје, со попатно ноќно панорамско разгледување на Анкара: Центарот Кизил Ај, големата Џамија, Маузолејот на Ататурк- Анит Кабир, зградата на стариот Парламент каде Ататурк прогласил конечно ослободување од Султанството и Независна Република.

Ноќно возење покрај  Истанбул, Едрене, гр. Премин Капикуле, Пловдив, Софија

 

6 Ден | СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

“TOURIST HOTEL & RESORT CAPPADOKIA”4* - ЃОРЕМЕ  - Наша препорака!

Од просторот пред хотелот полетуват балоните!

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 25.09.2020: 189 € (11.720 денари)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 €  (12.960 денари)      

www.touristhotel.com.tr

CAVE / STONE – ПЕШТЕРСКИ ХОТЕЛИ во ЃОРЕМЕ  - Наша препорака! 

Појадок со поглед на “Вилините оџаци “ но и на балоните кои летаат над Вас!

OSMANBAY” CAVE HOTEL,  “ZARA” CAVE HOTEL и сл. – Уникатно доживување, престој во реновирани пештерски куќи, луксузно опремени соби со ТВ, купатило и тоалет, клима/греење...

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО  25.09.2020: 209 €  (12.960 денари)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 229 €  (14.200 денари)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Превоз со високотуристички автобус на наведената релација.

3 Полупансиони (шведска маса) во хотел TOURIST 4*во Гореме, во срцето на Кападокија или 3 Полупансиони  во  CAVE / STONE хотели  “OSMANBAY” CAVE HOTEL,  “ZARA” CAVE и сл.во Гореме, во срцето на Кападокија.
Појадок шведска маса, вечера на база послужување во локален ресторан во Гореме. 

Посета на соленото езеро Туз Ѓолу.
Организација на патувањето.
Лиценциран, искусен туристички придружник на патувањето.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Задолжително патничко осигурување.
“Голема Тура Кападокија”, совлезници и  вклучен ручек (без пијалок), автобус, локален водич: (45€).
“Срцето на Кападокија” со влезници и ручек (без пијалок), автобус, локален водич: (45€).
“Црвена Долина” со залез на сонцето, автобус, локален водич: (15€).

“Mагијата на Кападокија”, со посета на  Кајсери, автобус, локален водич : (35€).
Турска вечер со шоу програма, вечера и неограничен пијалок, автобус, локален водич: (35€).
Танц на дервишите /церемонија, автобус, локален водич: (25€).
Лет со балон. Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација. (Информација за цена, одобрение за лет поради Ковид 19, можни слободни места,ќе имаме непосредно пред патувањето).

Туристичка такса 300 ден по лице (се плаќа во агенција).

Индивидуални трошоци.

ИНФОРМАЦИИ:

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници. (75% пополнетост на автобус).

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според наведената денарска цена.

* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, во случај на помал број на пријавени патници, или други непредвидливи ситуации поради Пандемијата, која го спречува патувањето.

* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.

* Седењето во автобус е според датумот на уплатата и слободните места.

* Важноста на пасошот треба да биде мин. 6 месеци од денот на напуштање на Турција.

* Ги запазуваме сите протоколи за патување дадени за Ковид 19.

* За ова патување важат општите услови на СКТМ.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page