top of page

ИСТАНБУЛ

НОВА ПРОГРАМА и сосема поинаков Истанбул!

СПЕЦИЈАЛНА ЦЕНА САМО 79€, редовна цена 99€

22.10 - 25.10 (2 ноќевања)

Пет предности на нашата програма: точно одреден хотел, повеќе време поминато на азиската страна, најповолни цени, поинакви и професионални водичи, доколку дојде до неможност за реализација на аранжманот, средствата се враќаат во целост.


Ако досега не сте имале прилика да го посетите овој спектакуларен град, сега е идеално време да уживате на Босфорот и сите убавини кои ги нуди оваа светска метрпола.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Две ноќевања во хотел GRAND ONS 3* (http://www.grandons.com/)со појадок во населбата Аксарај/Лалели
Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија, Сулејмание Џамија
Посета на трговскиот центар Истиние Парк (http://www.istinyepark.com/en)
Туристички пратител за време на престојот
Организација за време на патувањето


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Задолжително патничко осигурување.
Факултативните излети:
Топкапи палатата со лиценциран водич – 20 евра
Долмабахче палата со вклучена влезница и лиценциран водич – 25 евра

ПРОГРАМА

Прв ден – четврток (22.10)

Средба на групата на Дрводекор во 15:30 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Ноќно возење со транзит преку Бугарија, попатни паузи и царински формалности.

Втор ден – петок (23.10)

Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).

НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).

Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата, како и Сулејмание Џамијата, местото каде се погребани Султанот Сулејман и неговата жена Хурем.

Топкапи палатата

Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.

Во попладневните часови планирано е посета на бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува највисоката зграда во Европа (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), можност преку четиридимензионалното небесно возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула. Прекрасно искуство на 64иот кат на зградата од која се гледа целиот Истанбул.

По посетата на Сафир, се упатуваме кон најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање.

По завршувањето на посетата, групата се враќа во хотел каде следува ноќевање.

Трет ден – сабота (24.10)

По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Следува посета на една од најзначајните симболи на христијанството, Вселенската патријаршија, која е задолжителна за посета. Според рангирањето, оваа патријаршија е прва и се смета за центар на сите православни цркви во светот. Внатрешноста на црквата е богато украсена со извонредни златни иконостаси, кои прикажуваат детали од животот на Исус Христос. Најзначајна реликвија во црквата е столбот со црна боја за кој се верува дека е столбот на кој Исус бил заврзан пред да биде распнат на крст.

Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

По оваа факултатива, веднаш се упатуваме кон Долмабахче палатата.

Долмабахче палата – Турскиот Версај

Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.

Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Ја посетуваме џамијата на турскиот претседател Ердоган, која е најголемата џамија во Турција и се наоѓа на азиската страна на највиското брдо Чамлиџе. Бидејќи е пуштена во употреба во 2019-та година, таа претставува една од најмодерните џамии која се издигнува високо над градот. Потоа го посетуваме местото Чамлиџе кое го нуди најубавиот поглед на Истанбул кој буквално ќе ве остави без здив, а ќе имате можност да направите прекрасни фотографии и да се напиете турски чај во отворениот дел со типично турски масички. Следуваат уште две прекрасни места во Азија, а тоа е местото Ускудар, кое нуди неверојатен поглед кон Моминската кула, и на крајот населбата Кадикој, каде ако Таксим е најпопуларен во европската страна, тоа е Кадикој на азиската. Мали, тесни улички, преполни со елитни кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетата и да се напиете кафе.

Враќање во хотел, ноќевање.

Четврт ден - недела (25.10)

По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата се упатува кон познатиот трговски центар ИСТИНИЕ ПАРК, каде ќе има слободно време за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки од Ваикики, H&M, Бершка, до Мајкл Корс, Прада, Луи Витон, Армани, Гучи. Во склоп на трговскиот центар има 300 продавници на површина од 85.000 метри квадратни.

Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:00 по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:

SILVER – 45 евра

Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
– Посета на најголемата џамија во Турција (Ердоган),
– Видиковецот Чамлиџа,
– Ускудар (Моминска кула)
– одмор во населбата Кадикој во Азија
Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)
Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со Капали Чаршија, Сулејмание џамија (каде се погребани Султан Сулејман и Хурем), Хиподромот, Аја Софија, Топ Капи, Сина Џамија
Посета на трговски центар Истиније Парк

GOLD – 55 евра

Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
– Посета на најголемата џамија во Турција (Ердоган),
– Видиковецот Чамлиџа,
– Ускудар (Моминска кула)
– одмор во населбата Кадикој во Азија
Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)
Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција)
Долмабахче палатата со влезница и водич
Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со Капали Чаршија, Сулејмание џамија (каде се погребани Султан Сулејман и Хурем), Хиподромот, Аја Софија, Топ Капи, Сина Џамија
Посета на трговски центар Истиније Парк


PREMIUM – 95 евра

Топкапи палатата со влезница и водич
Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
– Посета на најголемата џамија во Турција (Ердоган),
– Видиковецот Чамлиџа,
– Ускудар (Моминска кула)
– одмор во населбата Кадикој во Азија
Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)
Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција)
Долмабахче палатата со влезница и водич
Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со Капали Чаршија, Сулејмание џамија (каде се погребани Султан Сулејман и Хурем), Хиподромот, Аја Софија, Топ Капи, Сина Џамија
Посета на трговски центар Истиние Парк


ИНФОРМАЦИИ:

Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
Патувњето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција.
За еднокреветна соба се доплатуваат 40 евра дополнително од аранжманот.


Попусти за деца:

Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител).
Деца од 3 до 12 години плаќаат 60 евра.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).


УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.


ВАЖНА НАПОМЕНА: Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување не е потребно PCR тест. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.


Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.


Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.


Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.


Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.


Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.


Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.


Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.


ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција. Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.


Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.


Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.


Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.


Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.


Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.


Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.


Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.


За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.


Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.


Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.


Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.


Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.


Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.


Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.


Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)


ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.


Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.


Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.


Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.


Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page