top of page

HOTEL INTERNATIONAL

Под падините на планините Петрино и Галичица, непосредно до познатите Билјанини извори, од кои според легендата настанало познатото Охридско Езеро, на излезот од булеварот „Туристичка“ кој води до најубавите плажи на источното крајбрежје, се наоѓа хотелот „Интернационал“. На атрактивна локација, изграден во модерен стил, хотелот „Интернационал“ е идеално место за вашиот престој во Охрид. Оддалечен на 5 минути од Езерото и само 15 минути од центарот на градот, хотелот „Интернационал“ нуди извонредни услови за престој на гостите. Располага со 35 стилски уредени соби, од кои 28 се двокреветни, 2 се четворокреветни, а 5 апартмани. Сите имаат клима уред, интернет и телевизија. Се издаваат по принципот ноќевање со доручек кој се реализира во специјалниот интерен ресторан наменет само за гостите кои користат сместување во хотелот.

Цените се по лице на база ноќевање со појадок. 

Понудените цени се изразени во евра, за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари. 

• Сместување во собите е по 14 часот по локално време, а напуштање на собите е до 10 часот.
    • Доплата за ПОЛУПАНСИОН – 7€ по лице
    • Деца од 1,99 до 11,99 – бесплатно

сопствен паркинг обезбеден со видео надзор, конгресна сала, лоби, лоби бар и прекрасна Коктел бар тераса.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page