top of page

АЗУРЕН БРЕГ

6 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА

АЗУРЕН БРЕГ (МИЛАНО, НИЦА, КАН, СЕН ТРОПЕ, МОНАКО, МОНТЕ КАРЛО)

10-15.10.2018

1 ДЕН 10.10.2018  СКОПЈЕ - МИЛАНО:

Состанок на група 10:00ч. Поаѓање во 10:30 часот од паркингот спроти спортска сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

 

2 ДЕН 11.10.2018  FRANCIACORTA OUTLET - МИЛАНО:

Пристигнување во Франчакорта аутлет во утринските часови. Слободно време за шопинг. Патувањето продолжува накај Милано. По пристигнувањето  препорачуваме  организиран разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo,централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот... Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ДЕН 12.10.2018  МИЛАНО – НИЦА:

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Во вечерните часови предлагаме прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата... Ноќевање.

 

4 ДЕН 13.10.2018  НИЦА – СЕН ТРОПЕ – КАН:

Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Сен Тропе и гламурозниот Кан. Сен Тропе – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne... Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Ница. Ноќевање.

 

5 ДЕН 14.10.2018 НИЦА – ЕЗ – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО - СКОПЈЕ:

Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна посета на Монако и Монте Карло со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини... продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници. Слободно време за посета на казината. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

 

6 ДЕН 15.10.2018  СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 01 СЕПТЕМВРИ: 199 € /12.340 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 € /12.960 ден

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,

  • Сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,

  • Хотел Студиос 4*  http://www.hotelstudiosmilan.com/#/

  • Сместување во Ница во хотел  3* на база 2 ноќевања со појадок,

  • Хотел Азуреа 3*  https://www.hotel-azurea.com/fr/    

  • Разглед на Ница,

  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  •  Задолжително патничко осигурување

  •  Разглед на Милано со локален водич (10€)

  •  Посета на Ез,  Монако и Монте Карло (25€)

  •  Посета на Кан и Сен Тропе (30€)

  •  Туристичка такса во Милано (5€ по лице, се плаќа во агенција)

  •  Туристичка такса во Ница (90 ден по лице на ден, се плаќа во агенција)

  •  Влезници за културно историски споменици, музеи.

  •  Билети за јавен превоз

  •  Доплата за еднокреветна соба 5.000 ден           

  •  

НАПОМЕНИ:

* За реализација на ова патување потребен е минимум од 45 патници.

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

* За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

* Останатите услови на патување важат според годишниот програм на организаторот.

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page