СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ПАНДЕМИЈАТА НА ВИРУСОТ COVID-19

Почитувани патници,

Имајќи ја предвид моменталната состојба на прогласена пандемија на светско ниво од страна на Светската здравствена организација, поради прогресивното ширење на коронавирусот (COVID – 19), како и препораките на Владите ширум светот поддржани од меѓународните институции, да не се патува, како една од главните причини за експанзија на вирусот го испраќаме ова соопштение до Вас во име на нашата туристичка агенција, со цел да Ве информираме дека сите туристички аранжмани за престојните пролетни патувања, како и сите летни аранжмани за целата сезона – лето 2020 година, за сите дестинации надвор од нашата земја, заклучно со 2020 година, се целосно откажани за реализација од страна на туристичките агенции. Тоа значи дека станува збор за генерална одлука се додека не се створат услови за повторно патување.

Информациите дадени во ова соопштение се однесуваат и на сите останати патници, кои имаа уплатени туристички аранжмани за осмомартовските патувања кои беа предвидени за реализација пред прогласување на вонредната состојба, како и за сите веќе откажани патувања во време на траење на вонредната состојба (од 16 март 2020 година).

Владата на ден 24.03.2020 година донесе Уредба со законска сила за примена на законот за туристичката дејност за време на траење на вонредната состојба (Службен весник на РСМ, бр. 80 од 27.03.2020 година). Уредбата упатува на издавање на ваучери од страна на туристичките агенции за патниците, во случај на откажување на аранжманите од страна на туристичките агенции.

За таа цел, врз основа на примена на одредбите од Уредбата и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија – сектор за туризам и угостителство, во продолжение Ви ги презентираме условите и начинот за подигнување и користење на ваучерите.

 

  • Сите туристички агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов ваучер на корисникот на ваучерот (патникот) за туристичкиот аранжман.

  • Ваучерите ќе се издаваат во три примероци, со рок на важење најдоцна до 31.12.2021 година. (еден примерок од Ваучерот ќе се достави и до Министерството за економија заради евиденција)

  • Начинот на издавање на Ваучерите ќе се реализира во согласност со двете страни, односно туристичката агенција (носител на аранжманот) и корисникот на ваучерот (патникот) ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на поаѓање, времетраење на аранжманот.

  • Издадениот ваучер, патникот ќе има можност да го искористи за аражмани достапни во понудата на туристичката агенција (носител на аранжманот) и ИСТИОТ ВАЖИ ЗА ИСТ ТИП НА АРАНЖМАН ЗА КОЈ ПРЕТХОДНО ПАТНИКОТ ИМАЛ УПЛАТЕНО ВО ДОГОВОР СО АГЕНЦИЈАТА.

  • Вредноста на ваучерот ќе биде во ист износ колку што бил и аранжманот кој е откажан поради вонредната состојба.

  • Ваучерите кои ќе бидат издадени од страна на туристичките агенции, патниците ќе можат да ги подигнат лично во туристичките агенции каде имале извршено уплата/резервација на аранжманот (од моментот на започнување со редовна работа на канцелариите ) или по барање на патникот истиот ваучер може да им биде испратен по електронски пат односно по е-маил.

  • Ваучерите кои ќе бидат издадени и гласат на име на патникот кој извршил уплата/резервација, можат да бидат преносливи, односно Ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник по договор меѓу патникот и туристичката агенција.

Никој повеќе од нас не сака да продолжат патувањата, што се есенција на нашиоѕ бизнис. Загубите кои ги броиме се огромни за нас, но ова е време кога ЗДРАВЈЕТО на сите Вас и нас е поважно од сe’. Затоа ги следиме и целосно ги почитуваме препораките на Светската здравствена организација и Владата на нашата држава и Ви порачуваме:

“Да седиме дома додека траат мерките и додека не се стабилизира целата состојба глобално, за да можеме во радост да патуваме заедно.”

* Горенаведените услови НЕ се однесуваат на резервациите за авионски билети. За секој авионски билет ќе бидат валидни условите на самите авио компании кои се реализатори на летовите. За подетални информации контактирајте не на info@goldentour.com.mk.


Ваши,

ГОЛДЕН ТУР

На следниот линк може да ја прочитате Уредбата за туристичките агенции донесена од Владата на Република Северна Македонија на 24.03.2020 ( Линк до уредбата) .

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

  • Facebook Social Icon
  • LinkedIn Social Icon
LogoSKTM-120.png

©2018-2020 by Golden Tour. All rights reserved.