top of page

AURORA RESORT & SPA - BEROVO

Со надморска височина од 1100 метри, ресортот е сместен во источниот планински дел на Македонија, близу до градот Берово, веднаш над Беровското езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини.

Точно овој регион, често именуван како мала Швајцарија, се наоѓа еден од четирите воздушни коридори во светот, збогатен со огромно количество на кислород, претворајќи го ресортот во беспрекорно чиста воздушна бања.

Изграден од природни елементи, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на растенија и дрва кои го претвораат ресортот во прекрасна ботаничка градина, збогатен со секојдневниот пој на птиците, припитомени во куќарките соецијално изработени за нив и потставени по боровите кои го опкружуваат комплексот, ресортот е вистинска хармонична бајка.

Со своите содржини како: world-class СПА центар, Ресторан што претставува уметничко ремек дело, пет ѕвездено сместување, прекрасни базени, беспрекорна услуга од светска класа и богати и интересни планински содржини, го прават овој луксузен сепак интимен комплекс вашето совршено бегство од секојдневието.

ЕКСКЛУЗИВЕН ОДМОР СО 5* | Пакет цени за престој во период 01.06.2021 – 15.09.2021

Цените се изразени во евра по лице/ ноќевање со вклучен појадок

Доплата за полупансион: 12 € за возрасен/ 6 € за дете (3-11.99 години)

---------------------------------------------------------------

Услови за ЕКСКЛУЗИВЕН ОДМОР СО 5* | Пакет цени за престој во период 01.06.2021 – 15.09.2021

Минимум 3 ноќевања на база полу пансион

---------------------------------------------------------------

Политика за деца:

1 дете на возраст до 02.99 год - БЕСПЛАТНО

1 дете од 3-11.99год. – доплаќа 8  од ден и 13  за сабота

2 дете на возраст од 3 до 11.99 години плаќа 50% од цената за возраен

дете над 12 години плаќа 70% од цената за возрасен (се пресметува како 3-то возрасно лице во соба)

Опционално

 Пикник ручек на отворено за викенд (сабота) – Brunch - 25 по возрасно лице

Можност за пансионски ручек 10  по лице по ден, oсвен сабота каде цената е нагласена погоре

Во цените не е вклучена туристичка такса

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page