HOTEL AQUALINA - OHRID
Хотел Аквалина се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец Охрид- Св.Наум. Комплексот на хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна. Ваквата местоположба ви дава можност да поминете незаборавен одмор во стилот на модерното опкружување. Хотелот располага со 84 соби и тоа: 1 Апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски лежај, 7 соби со џакузи и француски лежај, 64 двокреветни соби, 6 трокреветни соби.
Сите соби се опремени со ЛЦД ТВ, кабловска телевизија, телефон, WI-FI, купатило, мини бар, услуга во соба. Хотелот располага со сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите.
Цените се изразени во евра по лице за 1 ноќевање со појадок, со вклучен ДДВ5% и туристичка такса.
Бесплатно користење на базен, лежалки на базен, интернет паркинг и спортски терени со закажување.
Во цените е вклучено:
WiFi(интернет),
користење на надворешен базен,
бесплатен паркинг,
лежалки на базен,
спортски терени со закажување
Попусти и доплати:
Доплата за вечера + 8 ЕУР по лице
Доплата за соба со поглед кон езеро + 3 ЕУР
Доплата за еднокреветна соба + 50%
Доплата за соба со сауна и џакузи + 10 ЕУР
Доплата за лежалки на плажа 100 МКД
Политика за деца:
Прво дете до 5,99 год. гратис (заедно со 2ца возрасни)
Второ дете до 5,99 год плаќа 50% од цената за возрасен
Деца од 6-11,99 год. имаат попуст 30%
Цените се изразени во ЕУР, по курс 1 ЕУР = 61,8 МКД
КОНТАКТ
Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528