



Хотел Alegria Mariner - Лорет Де Мар
Хотел ALEGRIA Mariner 4* е модерен хотел во Лорет де Мар,
Шпанија, сместен на само 3 минути пеш од плажата.
Дозволете си сончево бегство на прекрасната Коста Брава - рајска дестинација која го комбинира сјајот на медитеранските плажи со шармот на традиционалната шпанска култура! Уживајте на златните плажи и кристално чистото море, истражете ги шармантните приморски градови и локалните пазари, и опуштете се со врвна удобност и одлична гастрономија во хотелите.
Овој хотел е препорачан за возрасни, што го прави идеален избор за парови и пријатели кои сакаат релаксирачки одмор на Коста Брава.
Сместувањето е во пространи и светли соби со приватен балкон и поглед кон море, базен или планина. Собите располагаат со: Клима уред, сателитска ТВ, сеф, приватна бања со фен и бесплатна козметика. Во склоп на хотелот има надворешен базен и сончева тераса. На располагање Ви е бифе-ресторан со разновидна континентална и интернационална кујна. Еднаш неделно има тематски вечери со програма, жива музика и локални специјалитети.
Дозволени се домашни миленици.
Хотелот е на само неколку минути пеш од центарот на Лорет де Мар, што го прави совршен за истражување на градот, шопинг и ноќен живот.
Во цената е вклучено:
- 7/10/11 ноќевања на база полупансион
- Авионски билет со лет од Скопје на авиокомпанијата Wizz Air со вклучени аеродромски такси
- Во цената е вклучен багаж во авионот MAX 10 KG димензија - 40x30x20 cm* БЕСПЛАТНО. - Тркалца: дозволено/не е задолжително, мора да ја собира под седиштето пред вас; може да биде торба за лаптоп, женска чанта или мал ранец
- Трансфер аеродром-хотел-аеродром
- Дете од 0-2 година плаќа 80 евра аеродромски такси.
Во цената НЕ е вклучено:
- Патничко осигурување, истото може да се извади и во агенција
- Туристичка такса во хотел - 2 еур по лице / ден., се плаќа на рецепција во хотел при сместување
- Доплата за багаж во правец по лице изнесува 30 евра.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

КОНТАКТ
Алберт Ајнштајн бр.8 локал 1
Веднаш до Вардар Мебел
1000 Скопје, Македонија
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 72 220 528
M. +389 72 311 222
М. +389 76 455 735