top of page

ГРЦИЈА (ГОЛЕМ ИЗБОР НА ХОТЕЛИ) - 2023

ХАЛКИДИКИ

halkidiki.jpg
halkidiki-beaches-1280.jpg
eb54100059b206d4efb374f3860c2a53.jpg

Доколку и ние како птиците, би ја имале привилегијата до го упатуваме својот поглед од небото кон прекрасниот полуостров Халкидики, веројатно честопати би не потсетувал на митологијата и на трозабецот на богот Посејдон, кој единствено тој можел така силно да го положи врз непрегледната површината на морето. Токму оваа исклучителна географска положба на Халкидики, веќе илјадници години го издвојува како еден од најубавите полуострови на медитеранот. Протегајќи се југоисточно од градот Солун и заливот Термаикос, кон заливот Стримоникос и сливот на реката Струма, Халкидики со своите три краци: Касандра, Ситонија и Атос, длабоко навлегува во Егејското море. Сите три краци, кои формираат преку петстотини километри долги песочни плажи, воедно му ја даваат и особеноста, на прекрасна хармонија од сино море, бел песок и бујно зеленило. Оваа природна идила, низ долгата историја на човековото постоење, не случајно за многумина и претставувала своевиден "рај на земјата". Веројатно е дека, токму таа убавина ги иницирала и монасите во минатото, токму тука – на третиот крак, да ја формираат својата единствена монашка држава во светот - "небесната Света гора".
Халкидики е полуостров со единствена убавина, претставува една од омилените туристички дестинации за нашите патници.  Самото име Халкидики потекнува од главниот град Халкида од каде на овој простор дошле првите жители уште од VII век п.н.е. Сето тоа укажува дека Халкидики отсекогаш бил атрактивен и привлечен. Покрај културно историското значење, секако природната убавина и богатство го истакнуваат Халкидики како една од најважните грчките области. Првенствено должината на брегот а потоа и пошуменоста и уреденоста како и развојот на вројните туристички центри, придонесуваат за популарноста на целиот регион Халкидики. 

ПИЕРИА

Mediterannean-Village-Pieria-Hotel_mygreecemytravels-10.jpg
Beautiful-Paralia-Katerini-beach-and-church-Pieria-Macedonia-Greece.jpg
unnamed.jpg

Под планината Олимп, која според митологијата била домот на боговите, се протега регионот - Пиериа. Богат со многу природни убавини, археолошки ископини, остатоци од многуте цивилизации кои поминале низ него, овој регион самиот за себе го потврдува епитетот дека е “земја на боговите”. Доклоку сте размислувале да комбинирате одмор покрај море, со можност за рекреирање и уживање во планинската опкруженост, регионот Пиерија е вистинскиот избор за Вас! Широките плажи кои се простираат во должина повеќе од 70 километри, се вистински пример за чиста природна убавина. Златниот песок и рамниот предел ве водат до синото море, а наоколу ве опкружуваат листопадни и борови шуми. Поради одличната локација, чистите води и живописните пејсажи, овој крај е популарен за туристите, а особено за фамилиите со деца. Олимписката ривиера има широки и пространи песочни плажи кои претставуваат одлично место за уживање и одмор. При влезот во вода, до длабочината се стигнува постепено, брегот е плиток, па плажите се безбедни и за деца и почетници во пливањето.
Климата е иста како и во целата земја, летата се доста топли, а понекогаш дуваат свежи ветрови. Многу сончеви денови и малата количина на влажност, ви гарантираат пријатен одмор. Бидејќи се наоѓа во подножјето на Олимп, доаѓа до струење на воздух од морето и планините, така што ветерот скоро секогаш го има, па влажноста не се чуствува.Покрај уживање на плажа, можете да уживате и во многубројните ресторани и таверни кои во поголемиот број на градови се наоѓаат на самото шеталиште, покрај плажите. Прекрасна атмосфера, проследена со познатите звуци на грчкото бузуки и вкусните локални специјалитети, се дел од секој ресторан.Главниот град на областа е Катерини, кој лежи помеѓу рамнината на Пиерија и подножјето кое се издига кон планината Олимп. Најпознати туристички места се веќе добро познатите: Паралија, Олимпик Бич, Лептокарија и Неи Пори.Не е ни случајно што грчките богови токму овој регион го избрале за свој дом.

КРФ

9c777866358fcb00efda47eb6ac39729.jpg
corfu-greece-architecture-3840x2160.jpg
3-6.jpg

Магичниот остров Крф се наоѓа на Јонското Море, покрај брегот на Епир, во Грција. Овој остров ги комбинира софистицираната атмосфера, зелените падини, сината вода и долгите песочни плажи. Островот Крф има богата историја и затоа претставува место за туристичко разгледување. Во него се забележуваат историските влијанија на Венеција, Британија, Франција и Русија, кои прават ова место да биде необично и привлечно. Стариот град на Крф е едно од најатрактивните места во светот. Карактеристични за Стариот град се тесните улици во венецијански стил, елегантните аркади и опуштената пријателска атмосфера. Историјата на Стариот град се забележува на секој чекор. Многу од планините на Крф се дом на ретки видови орли и орхидеи. На веб-страницата за светско наследство на УНЕСКО Крф е наречен „град кој зрачи со аристократска аура“ заради многубројните космополитски ресторани. Покрај идиличното и фасцинантно крајбрежје на Крф се наоѓаат карпести заливи и долги песочни плажи, додека самиот остров изобилува со маслинови градини кои служат како природна граница меѓу древните села. Најпопуларните плажи на Крф се оние по должината на западниот брег. Најразвиени се плажите на источното крајбрежје, каде што се наоѓаат и многубројни хотели и барови. Северниот дел од Крф е резервиран за одморалишта, додека плажите во јужниот дел на Крф се мирни и идеални за оние кои сакаат да уживаат во природните убавини. Крф е вистински рај за туристи заради одличната туристичка инфраструктура која вклучува забавен ноќен живот, агенции за изнајмување автомобили, туристички агенции и бесконечен избор на хотели, соби за изнајмување, станови, студија и вили кои ќе ги задоволат вкусовите на посетителите.

ТАСОС

38504_L.jpg
38527_L.jpg
38507_L.jpg

Да се помине одредено време на остров, претставува несекојдневно и убаво искуство. Но велат дека, доколку тоа го направите на најсеверниот и најзелен грчки остров Тасос, тогаш таквото искуство е уште посилно. Привилегијата да се биде толку блиску до оваа природна реткост, беше само дополнителен мотив, овој остров повторно да се најде во овогодишната понуда. Зелениот остров, или “Островото на сирените” – како во митологијата го нарекувале, денес е еден од најпосетуваните грчки острови. Можеби уште при првата средба со него, ви станува сосема јасно за тоа. Мноштвото природни убавини, согледани низ прекрасните плажи, скриените ували, боровите шуми и бујната вегетација која се симнува до самото море, овој остров го прави налик на “Шума која плови”. Специфичниот и жив рељеф, сe карактеризира низ различните брегови и високите планински врвови кои допираат до над 1000 метри над морето. Неговиот пречник од 25км и вкупната должина на брегот (околу 100км) го вбројува во средните по големина грчки острови. Климата која пак, од сета таа природна специфичност се образува, престојот на него дури и ви жешките месеци го прави свеж и пријатен. Главен град е Лименас во кој се наоѓа и најголемото пристаниште. Добрите сообраќајни врски преку автопатот до Кавала, неговата мала оддалеченост од брегот, патот до Тасос го прави брз и поднослив особено за неговите туристи од Македонија

ХАЛКИДИКИ
ПИЕРИА
КРФ
ТАСОС

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page