top of page

Cronwell Platamon Resort 5*

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА - ULTRA ALL INCLUSIVE

ДОПОЛНИТЕЛЕН -5% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 29.02.2020

Локација: Resort Cronwell Platamon е одлично фамилијарно летувалиште со 5* сместено на златната обала на Егејското море и живописната област Платамона (регион Пиерија). Од Солун е оддалечен околу 100км, а од Платамона 1.5км. Главната здрада е со модерен дизајн и на шест спрата. Хотелскиот комплекс е распространет на скоро 60000м2 и е единствено место каде што се складно искомбинирани планинската област и магичното крајбрежје, идеално окружени со историски знаменитости како што се Олимп и древниот дворец од 12 век - Платамон. Овде ќе пронајдете идеално место за детска забава, мир и тишина за родителите. Квалификуваните хотелиери на компанијата Cronwell Hotels & Resorts ја поделиле територијата во две зони: за деца и за возрасни. Детската инфраструктира се наоѓа одвоено, во простор изолиран од другите гости. Возрасните може да уживаат во зона со сопствен базен и бар, СПА центар, ноќен клуб и таверна. Забавниот центар и детски дворец Platamon Palace ќе стане иновација на летната сезона и не мора однапред да размислувате за организација на детските слободни активности. Единствениот воден парк за забава - Splash Park е креиран за малите гости на хотелот со преку 40 водни атракции.

Содржина: Два отворени базени, детски базен, тениски терен, паркинг, ресторан и таверна, детско игралиште, бар на плажа, театар за анимација, мини клуб, пинг понг, билјард, мини маркет, интернет катче, отворено кино, сала за конференции, спа центар со сауна, хидромасажа, теретана, затворен базен.

Услуга: Ultra All Inclusive (на база шведска маса)

Соби: Собите се со клима уред, телефон, Wi-Fi интернет, минибар (секојдневно дополнување), SAT TV, сеф, купатило, фен, сет за припрема на кафе/чај, опремена тераса.

Standard room (side sea view) - големина околу 24м2, идеална за фамилии, а се состои од еден простор со брачно легло или две одвоени легла и една или две софи на развлекување. Максимален капацитет: 2-4 лица (во главната зграда).

Junior suite - големина околу 42м2 во главната зграда. Две простории, дневна со 2 софи и одвоена спална со француски лежај.

Suite - големина околу 50м2 со две простории со директен и страничен поглед на море опремени до француски лежај, софа, мини кујна.

Villa Maisonette - околу 90м2 луксузна двоспратна вила со поглед на градина. Просторна спална соба со француски лежај, одвоен дневен престој со камин, сауна, џакузи, туш кабина, 2 тоалети, тераса со лежалки и приватен тревник.

Family Suite - околу 68м2 со 3 соби во главната зграда. Дневна соба со 2 софи, спална со француски лежај и спална со 2 одвоени кревети и мини кујна.

Presidential Suite - околу 120м2 трособен апартман во главната зграда на хотелот со поглед на море и планината Олимп.

Website: www.platamon.cronwell.com

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ПО СОБА ЗА 1 НОЌЕВАЊЕ.

Цените се дадени во евра. Плаќање исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

При резервација се уплаќа 50% од аранжманот, остатокот најдоцна до 30 дена пред почетокот на патувањето.

Во цените не е вклучена такса за престој од 4€ дневно/соба. Плаќањето се врши на рецепција.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ:

1 ден: Влез во соба по 14 часот.

2 ден до последен ден: Слободно време за одмор и индивидуални активности.

Последен ден: Напуштање на соба до 09 часот.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

Сместување во одбран хотел на база Ultra All Inclusive.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Задолжително патничко осигурување (инфо во агенција).

Индивидуални трошоци на патникот.

Превоз до хотелот.

Такса за престој во Грција (се плаќа директно во хотелот).

Од 01/01/2018 во Грција се врши задолжителна такса за престој што се наплатува по соба.

Приватно сместување и хотели со 1* и 2* - 0,5€ дневно; Хотели 3* - 1,5€ дневно; Хотели 4*- 3€ дневно; Хотели 5*- 4€ дневно

НАПОМЕНИ:

- Патниците сами се пријавуваат на рецепција и се сместуваат во соба со припејд ваучер од агенција.

- За распоредот на собите одлучува хотелиерот по пристигнување на гостите на рецепција.

- Late arrival (доцна пристигнување) е можно само со претходна најава во агенција. Хотелите ги чуваат собите до 18 часот по локално време и по тоа имаат право да ја издадат собата доколку не е поинаку најавено.

- Dress code (правила на облекување) е задолжителен за време на оброците во сите хотели од 3* до 5*.

- Описите на сместувачките капацитети како и фотографиите се од информативен карактер. За евентуално отстапување и квалитетот на услугите во сместувачките објекти агенцијата не сноси одговорност.

- Сите патници државјани на Република Македонија кои поседуваат биометриски пасоши, со валидност минимум 3 месеци од денот на враќање, можат да патуваат во Грција без виза.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page