top of page

ВИЛА СПИРОС - Агиос Никитас

Вила Спирос се наоѓа на 300метри од плажа, на почетокот на Агиос Никитас. Во нејзина близина се наоѓа продавница на 100м, rent a car и rent a bike на 100м, централната пешачка уличка се наоѓа на 100м од вилата, на која се наоѓаат ресторани, таверни, продавници за храна, гиро, слаткара, продавници за сувенири.
Вилата располага со двокреветни студија со дупли кревет и трокреветни студија со еден дупли кревет и еден единечен, сите имаат мини кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, сопствен тоалет со туш, клима и туш, терасата е надворешна, заедничка за сите соби оделена со паравани и се излегува на неа од влезната врата на студиото. Терасите се со страничен поглед на море.


Капацитетот на собите: во двокреветна соба максимум 2 лица, во трокреветна соба максимум 3 лица.
GPS координати: 38°47’20.6″N 20°36’49.7″E


ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО €, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ.

На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација, истите се резервираат со 50% аконтација. Првите три и последните два термини се промо цени.

20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.01.2020
15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2020
10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2020

Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Лефкада чини:
 
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада:
Скопје (Дрводекор) – 45€ по лице
Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес - 50€ по лице
Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) - 45€ по лице
 
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:
Битола - Автобуска станица Транскоп – на перон - 40€ по лице
Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) - Трансфер до Битола - 45€
Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола - 45€ по лице
Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) - Трансфер до Битола - 45€ по лице
Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) - Трансфер до Битола - 45€ по лице
Ресен (спроти автобуска станица) - Трансфер до Битола - 45€ по лице
 
Релациите кои се наведени како "трансфер" се реализираат со патнички возила или комбe.
 
- Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 15€ од редовната цена од Битола и 10€ од Скопје.
- Деца до 1,99 години бесплатно.
- Возрасни лица над 63год – 10€ попуст
 
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо термините).
Попустите не може да се комбинираат.
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет  (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител.

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенција).
Важат Општите услови на СКТМ.
 
Време на поаѓање за Лефкада:
 
01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола
12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
04:00 h Битола (Автoбуска Станица Транскоп на перон)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) трансфер до Битола

Минимум 1 ден пред секое поаѓање ве замолуваме да се информирате во агенција. Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето. Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page