top of page

Villa Santala - Neos Marmaras

Вилата „Santala“ која се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили, на само дваесетина метри оддалеченост од „Sole A Mare“ и од „ Alcano“. Со задоволство можеме да потврдиме дека за сезоната Лето 2023 ја имаме најдобрата понуда во Неос Мармарас која се однесува на изборот на вилите кои се издвојуваат со извонредната локација и со нивниот квалитет. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ вилата „Santala“ е оддалечена околу 300 метри. Во приземјето на вилата се наоѓа слаткарница и пицерија. Располагаме со двокреветен апартман кој има поглед кон улицата и со четирикреветни апартмани кои имаат директен поглед на море. Сите сместувачки капацитети се наоѓаат на втор спрат и се опремени со функционален мебел, кујни, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената (во четирикреветните апартмани има по два телевизора и две клими во секоја спална соба). Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Терасите се заштитени со тенди. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

ceni vila Santala Neos Maramaras.jpg

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ПО СОБА ЗА 10 НОЌЕВАЊA / 7 НОЌЕВАЊА И 4 ЗА ПОСЛЕДНИОТ ТЕРМИН

Напомена:

-Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничениот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.
-Цените во табелата се за наем на цело студио, за 10 ноќевања со сопствен превоз.
-Туристичката агенција има право останатите капацитети да ги продаде по Last minute цени, патниците кои веќе имаат резервација немаат право да бараат рефундација доколку има разлика во цена.
-Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по Early Booking цена, се применуваат општите услови на патување според потпишаниот договор. Патникот неможе да го користи истиот попуст за следен термин.
-Сместување прв ден по 14:00 часот, напуштање последен ден до 09:00 часот.
-Доплата за тур. такса во Грција - 0.50 еур по соба на ден. (се плаќа во агенција)
-Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност 1 ЕУР= 61,8 МКД.
-Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита-Никити-Неос Мармарас.
-Тргнување од Скопје во 04:00 часот и од Кавадарци во 5:30 часот.
-Цена на повратен автобуски билет: 50 ЕУР; деца до 2 год. - бесплатно; деца 2-12 год. - 40 ЕУР
-Цена на автобуски билет во еден правец: 40 ЕУР; деца до 2 год. - бесплатно; деца 2-12 год. - 35 ЕУР

Важни информации: 

-Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА Голден Тур ( прочитај ги тука )

КОНТАКТ

ул. Алберт Ајнштајн бр.8 локал 1

Веднаш до Вардар Мебел во Дебар Маало
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528 | +389 72 311 222 | +389 72 220 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page