top of page

АНДАЛУЗИЈА - 7 ДЕНА СО АВИОН

АНДАЛУЗИЈА - БИСЕРИТЕ НА ШПАНИЈА

АНДАЛУЗИЈА | Авион | 13 Април | 7 дена 

899 ЕУР по лице

СЕ ПОСЕТУВА: МАРБЕЉА, МАЛАГА(2 НОЌИ),

СЕВИЉА(2 НОЌИ), КОРДОБА, ГРАНАДА(2 НОЌИ)

 

13. Април (Четврток) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ - МАРБЕЛЈА - МАЛАГА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и
пристигнување во 11:10 часот. Полетување за Малага во 13:20 и пристигнување во 16:55 часот.
Прошетка по монденското летувалиште Марбелја, чиј стар дел е опколен со Маварски ѕидини и
Плоштадот на портокалите, околу кој се наоѓаат итнересни средновековни градби. Трансфер до
хотелот во Малага и сместување. Ноќевање.


14. Април (Петок) МАЛАГА
Појадок. Разглед на најголемиот јужен европски град Малага, наречен „Престолнина на Коста дел
Сол“ и родно место на прочуениот шпански сликар Пабло Пикасо, прошетка до замокот Парадор,
старата палата Алкасаба , Римскиот театар, стариот Еврејски кварт и Катедралата. Ноќевање.


15. Април (Сабота) МАЛАГА - СЕВИЛЈА
Појадок. Патувањето продолжува за Севилја. Пристигнување во најинтересниот и најраскошниот град
во Андалузија и сместување во хотелот. Разглед на “престолнината” на Андалузија, Алказар,
некогашна маварска владетелска палата, величествената Катедрала со повеќе олтари, со дела од
познатите шпански сликари Франциско Зурбаран и Гоја и високата кула Гиралда со маварска
декорација... Ноќевање.


16. Април (Недела) СЕВИЛЈА
Појадок. Препорачуваме прошетка до квартот Санта Круз со вкусување на шпанскиот “тапас” и
можност за крстарење со брод по реката Гвадалкивир од Златната Кула, од каде во 16 век
испловувале Магелан и Кортес. Во вечерните часови, факултативна посета на шоу програма со
фламенко танц, настанат во “темпераментната” Андалузија. Ноќевање.


17. Април (Понеделник) СЕВИЛЈА - КОРДОБА - ГРАНАДА
Појадок. Тргнување за Кордоба, “осамениот град во срцето на Андалузија”, на брегот на реката
Гвадалкивир. Разглед на градот опеан во стиховите на Лорка, град кој ги зачувал своите
архитектонски бисери како што се: Стариот мост, Еврејскиот кварт и Џамијата Мескита, симбол на
градот и чудо на архитектурата, дел од богатството заштитено од УНЕСКО. Патувањето продолжува за
Гранада. Пристигнување во вечерните часови и сместување во хотелот.

18. Април (Вторник) ГРАНАДА
Појадок. Разглед на сликовитата Гранада, град на кралскиот пар Изабела од Кастилија и Фернандо од
Арагон. Посета на величествената Алхамбра, чие име на арапски значи „Црвена тврдина“. Тоа е една
од најголемите туристички привлечности на Пиринејскиот Полуостров, комплексот од исламски и
христијански објекти, заедно со прекрасните градини претставувал инспирација за многу поети. Од
1984 година се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Ноќевање.
19. Април (Среда) ГРАНАДА – МАЛАГА – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Појадок. Организиран превоз до Аеродромот во Малага. Полетување за Истанбул во 12:05 часот.
Пристигнување во Истанбул во 17:25 и полетување за Скопје во 19:00. Слетување во Скопје во 19:25
часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 899 евра (55.550 денари)

Цената вклучува:
- Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Малага–Истанбул–Скопје со вклучени Аеродромски такси
- Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
- Трансфери со автобус на наведените релации според програмата
- Шест ноќевања со појадок во Хотели 3/4* (Две во Малага, Две во Севилја и Две во Гранада)
- Разгледи и прошетки во градовите според програмата
- Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето


Цената не вклучува:
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)
- Патничко-здравствено осигурување
НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 61,8 денари

КОНТАКТ

Алберт Ајнштајн 8 / локал 1

Дебар Маало, веднаш до Вардар Мебел
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

M. +389 72 311 222

M. +389 72 220 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page