top of page

ВЕНЕЦИЈА, МИЛАНО, ВЕРОНА И ТРСТ - 3 ДЕНА СО АВТОБУС

Венеција (Милано, Верона и Трст)

(26.04.2019- 29.04.2019)
 

Венеција, градот на вода и бисерот на Јадранското море. Дестинација која би требало секој љубител на убавината да ја посети најмалку барем еднаш во животот. Градот на маските, градот на најпознатиот Карневал, градот на креативноста и љубовта, едноставно градот на среќните лица заслепени од убавината на истиот. Дозволете оваа магија на различности да биде вашиот најдраг спомен за паметење.

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА
ТЕРМИН: 26.04-29.04!

ПРОМО Цена 109 евра до 05.04, со задолжителна резервација на пакетот факултативи 55 евра, (плаќање на факултативите во автобус) РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 129 евра.


*Аранжманот се плаќа во денарска противвредност по курс од 62 денари (1 евро). 

Бројот и местата за уплати во специјалната цена е ОГРАНИЧЕН!

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Сместување во хотел 3* Moderno во областа Лидо ди Јесоло на база две ноќевања со појадок (сладок појадок) 

  • Автобуски превоз (високо туристички автобус со аудио и видео опрема, клима, греење, просечна удобност) на горенаведените релации

  • Разгледите според програмата

  • Посета на Трст и трговскиот центар Палманова

  • Услуги од туристички професионален водич – пратител

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителна доплата за туристичка такса за хотелот 1.5 евра по лице од ден

  • Трошоци за патничко осигурување за целиот престој 

  • Влезници за факултативните излети (во организација на тур операторот)

  • Индивидуални трошоци

ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПО ЛИЦЕ:

  • Возење со брод до Венеција (повратна карта + водич) – 20 евра 

  • Факултативна посета на Верона и разглед на Милано со локален водич (40€)

  • ПАКЕТ со сите излети во вредност од 60 евра може да се купи по акциска цена при резервација на истиот за само 55 евра (плаќање во автобус)

ПРОГРАМА:

1 ден петок (26.04.2019)– СКОПЈЕ – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Состанок на групата на Дрводекор околу 15:30 часот. Поаѓање за Венеција околу 16:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

2 ден сабота (27.04.2019)– ТРСТ- ПАЛМА НОВА- ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу два часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village (околу два часа). Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден недела (28.04.2019)  – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО– ВЕРОНА- МИЛАНО
По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. По слободното време продолжуваме кон градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo,централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle,најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во вечерните часови заминување кон Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

4 ден понеделник (29.04.2019) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО– ВЕНЕЦИЈА– СКОПЈЕ

Појадок, и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Скопје во договорено време.

5 ден вторник (30.04.2019)

Патување преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневите часови.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот

  • Нема намалување на цената за сопствен превоз

  • ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)

  • Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.

НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

  • Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур-оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обврска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Организаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување.

  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.

  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.

  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.

  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.

  • ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.

  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.

  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.

  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.

  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.

  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.

  • ПОЈАДОК: Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.

  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.

  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.

  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.

  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.

  • Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.

  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. 

  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.

  • Организаторот не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.

  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.

  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.

  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)

  • ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.

  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.

  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.

  • Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.

  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page