ВИЛА МАКЕДОНИЈА - Порос
Вила Македонија е сместена на околу 40 метри од плажата и главниот плоштад на Порос во првата уличка. Се состои од двокреветни и трокреветни студија, и четворокреветни апартмани. Сите соби имаат кујна со прибор за соодветниот број на лица и тераса. Вилата се наоѓа на околу 270 метри или 3 минути од најблискиот базен, кој е достапен за гостите со конзумација. Вилата има безжичен интернет и клима уред за чие користење со доплаќа по желба на лице место.
Понудата е по лице за 9 ноќевања и автобуски превоз.
Доплата во автобус за траект 25€ по лице.
На акциските цени нема одбивање за сопствен превоз.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
• 9 ноќевања во вила Македонија.
• Автобуски превоз на дадената релација.
• Туристички придружник за време на патувањето.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
• Задолжителна доплата за траект 25 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус.
• Задолжително патничко осигурување.
• Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50 центи по соба од ден (се плаќа во автобус).
НАПОМЕНИ:
• Цените се однесуваат на едно лице за 9 ноќевања во една од избраните вили и автобуски превоз.
• Задолжителна доплата за траект во двата правци 25 евра по лице – се плаќа во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден.
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка или на трансакциска сметка.
• За еднокреветна соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
• Доплата за клима 5 евра од ден по желба
• Агенцијата не гарантира за брзината и квалитетот на интернетот во вилите
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
• Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен.
• Дете од 3 до 12 години плаќаат 50% од сумата доколку се сместени со две возрасни лица.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
• Check in во собите е после 14h по грчко време.
• Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
• Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж.
• Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот.
• Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
• Вилите имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ: Тргнување во Скопје во вечерните часови. Следува возење и попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Килини од каде се качуваме на траект до Порос. Сместување во апартманите. За време на престојот во Кефалонија ќе има организирани програми: посети на најубавите плажи, ноќни забави, посета на пештери и крстарења. Последниот ден од престојот во најавено време одјавување од апармтаните и враќање во Македонија.
Цените се дадени во евра. Плаќање исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.
КОНТАКТ
Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528