



Despotiko Apartment Hotel & Suites 3*
Локација и содржина: Хотелот е лоциран на една од најубавите и најдолгите плажи на Халкидики - Тристиника.
Прекрасна природа, медитеранска вегетација и бел песок искомбинирани со сино море што дава посебен шарм на хотелот. Хотелскиот комплекс се состои од 3 пониски згради со 35 сместувачки единици на имот од 15000m2 и располага со ресторан, таверна, бар покрај базенот и бар на плажа, детски базен, детско игралиште, биљард, пинг понг, шах, одбојка на плажа, лежалки и чадори на плажа и покрај базен, паркинг, мало надворешно кино, WiFi, факс, фотокопир, рент а кар.
Услуга: Half Board (шведска маса).
Соби: Вкупно 35 опремени со клима, ТВ, телефон, сеф, производи за лична хигиена, фен, мал фрижидер, мини кујна и тераса со столчиња.
Забелешки:
-
Лежалките се бесплатни во текот на цела сезона за гостите и вклучува по 1 чадор и 2 лежалки по соба и 1 пијалок од бич барот по лице (сок, нескафе, вода).
-
При check-in од гостите се бараат податоци од кредитна картичка како гаранција за собата и мини барот. Доколку гостите не располагаат со кредитна картичка се должни да го известат хотелот при резервација и ќе им биде побаран повратен депозит во евра.
-
Рецепцијата е отворена од 08:00 - 00:00ч.
-
Хотелот дозволува престој на мали и тивки миленици.
Website: https://www.hoteldespotiko.gr/
ПОПУСТ 10% ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 31.03.2020
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 1 НОЌЕВАЊЕ НА БАЗА ПОЛУ ПАНСИОН.
Цените се дадени во евра. Плаќање исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.
При резервација се уплаќа 50% од аранжманот, остатокот најдоцна до 30 дена пред почетокот на патувањето.
Во цените не е вклучена такса за престој од 1.5€ дневно/соба. Плаќањето се врши на рецепција.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ:
1 ден: Влез во соба по 15 часот.
2 ден до последен ден: Слободно време за одмор и индивидуални активности.
Последен ден: Напуштање на соба до 11 часот.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
Сместување во хотел на база Half Board.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
Задолжително патничко осигурување (инфо во агенција).
Индивидуални трошоци на патникот.
Превоз до хотелот.
Такса за престој во Грција (се плаќа директно во хотелот).
Од 01/01/2018 во Грција се врши задолжителна такса за престој што се наплатува по соба.
Приватно сместување и хотели со 1* и 2* - 0,5€ дневно; Хотели 3* - 1,5€ дневно; Хотели 4*- 3€ дневно; Хотели 5*- 4€ дневно
НАПОМЕНИ:
- Патниците сами се пријавуваат на рецепција и се сместуваат во соба со припејд ваучер од агенција.
- За распоредот на собите одлучува хотелиерот по пристигнување на гостите на рецепција.
- Late arrival (доцна пристигнување) е можно само со претходна најава во агенција. Хотелите ги чуваат собите до 18 часот по локално време и по тоа имаат право да ја издадат собата доколку не е поинаку најавено.
- Dress code (правила на облекување) е задолжителен за време на оброците во сите хотели од 3* до 5*.
- Описите на сместувачките капацитети како и фотографиите се од информативен карактер. За евентуално отстапување и квалитетот на услугите во сместувачките објекти агенцијата не сноси одговорност.
- Сите патници државјани на Република Македонија кои поседуваат биометриски пасоши, со валидност минимум 3 месеци од денот на враќање, можат да патуваат во Грција без виза.

КОНТАКТ
Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528