top of page

Blue Dolphin Hotel 4*

Поставен среде борова шума, на само 100 метри од море, хотелот располага со велнес центар, базен и приватна плажа во областа на Метаморфози, на само неколку километри од Никити. Хотелот е реновиран во 2019 и сите соби се стилски уредени и имаат балкон со поглед кон градината. Опремени се со сателитска ТВ, клима уред, мини фрижидер, фен, бесплатен Wi-Fi пристап. Базенот (надворешен) се грее во мај и октомври.

Услуга: Half Board (шведска маса).

Соби: Вкупно 171 опремени со нов, удобен и модерен мебел, клима, ТВ, телефон, фрижидер, фен и тераса.

Single (~17 m2) Спална или 2 одвоени кревети. 

Double Room (~17 m2) Спална или 2 одвоени кревети.

Double Superior (~25 m2) се наоѓа на приземје со поглед кон градина. Спална и еден одвоен кревет.

Singles Deluxe (~28 m2) 2 одвоени кревети (комбинирани).

Double Deluxe (~28-30 m2) 2 одвоени кревети (комбинирани) и софа. Се наоѓаат на втор и трет спрат.
Family Room (~27-29 m2)  една соба. Спална и два одвоени кревети.

Family Deluxe GV (~35 m2) една соба. Спална и 2 софи на развлекување.

Suite (~50 m2) Спална и дневна соба со софа.

New 2020! Suites Family Private Pool (~50-55 m2) Сместени се на приземје со приватен базен со површина од 17m2 (загреан во мај и октомври), дневна со 2 софи на развлекување и позади  стандардна или врата на лизгање има спална соба со француски лежај, 2 купатила.

New 2020! Suite Family (~50-55 m2) Сместени се на прв спрат, дневна со 2 софи на развлекување и позади  стандардна или врата на лизгање има спална соба со француски лежај, 2 купатила. 

Website: https://www.bluedolphinhotel.eu/index.php/en/

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ПО СОБА ЗА 1 НОЌЕВАЊЕ НА БАЗА ПОЛУ ПАНСИОН.

Цените се дадени во евра. Плаќање исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

При резервација се уплаќа 50% од аранжманот, остатокот најдоцна до 30 дена пред почетокот на патувањето.

Во цените не е вклучена такса за престој од 3€ дневно/соба. Плаќањето се врши на рецепција.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ:

1 ден: Влез во соба по 14 часот.

2 ден до последен ден: Слободно време за одмор и индивидуални активности.

Последен ден: Напуштање на соба до 11 часот.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

Сместување во хотел на база Half Board.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Задолжително патничко осигурување (инфо во агенција).

Индивидуални трошоци на патникот.

Превоз до хотелот.

Такса за престој во Грција (се плаќа директно во хотелот).

Од 01/01/2018 во Грција се врши задолжителна такса за престој што се наплатува по соба.

Приватно сместување и хотели со 1* и 2* - 0,5€ дневно; Хотели 3* - 1,5€ дневно; Хотели 4*- 3€ дневно; Хотели 5*- 4€ дневно

НАПОМЕНИ:

- Патниците сами се пријавуваат на рецепција и се сместуваат во соба со припејд ваучер од агенција.

- За распоредот на собите одлучува хотелиерот по пристигнување на гостите на рецепција.

- Late arrival (доцна пристигнување) е можно само со претходна најава во агенција. Хотелите ги чуваат собите до 18 часот по локално време и по тоа имаат право да ја издадат собата доколку не е поинаку најавено.

- Dress code (правила на облекување) е задолжителен за време на оброците во сите хотели од 3* до 5*.

- Описите на сместувачките капацитети како и фотографиите се од информативен карактер. За евентуално отстапување и квалитетот на услугите во сместувачките објекти агенцијата не сноси одговорност.

- Сите патници државјани на Република Македонија кои поседуваат биометриски пасоши, со валидност минимум 3 месеци од денот на враќање, можат да патуваат во Грција без виза.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page