top of page

БАЛИ ЗА ВЕЛИГДЕН 2020

БАЛИ - ОСТРОВОТ НА БОГОВИТЕ
13.04.2020 - 22.04.2020

Авионски превоз од Скопје, аеродромски такси, трансфери, 7 ноќевања со појадок, технички пратител на групата

 

 Индонезија или официјално Република Индонезија е голема земја во Азија, чиј главен град е Џакарта. Индонезија се состои од архипелаг од неколку илјади мали и големи острови, од кои најголемите се Јава, Суматра, Сулавеси (Celebes), Борнео (Калимантан) и Нова Гвинеја (западен дел). Со над 238 милиони жители, Индонезија е четвртата најнаселена држава во светот. 


Бали е индонезиски остров кој се наоѓа помеѓу островите Јава на запад и Ломбок на исток. На островот, мнозинството од жителите се Индонезиски Хиндуисти кои се малцинство во Индонезија. Бали денес е популарна туристичка дестинација. Островот е богат со ориз, кокосови палми, кафе, памук и тутун, па тоа е робата која што најмногу се извезува. Живописните бои на Бали, неверојатно пријателскoто и гостопримливо население, храна која е силна и со необичен вкус и тиркизно - сините води на Индискиот Океан, и се што се наоѓа на ова мало парче од рајот на земјата, сигурно ќе го задоволи Вашиот вкус.

ПРОГРАМА

1 ден (13.04.2020 - понеделник) | Скопје - Доха
Состанок на групата на аеродромот во Скопје, во 10:25 часот. Полетување кон Доха во 12:25 со авикомпанијата Qatar Airways (QR 306). Слетување во Доха во 18:20 часот. 

2 ден (14.04.2020 - вторник) | Доха - Денпасар
Полетување од Доха кон Денпасар во 02:50 часот. Пристигнување во Денпасар во 17:30 часот локално време (+6) при што следува трансфер од аеродромот до хотел Grand Whiz Bali Nusa Dua 3*, во областа Нуса Дуа. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден (15.04.2020 - среда) | Бали 
Појадок во хотел. Ден предвиден за истражување на волшебниот остров Бали, кој зрачи со позитивна енергија, пред се поради љубезноста и едноставниот мирен живот на локалните жители. Преубавите долги и песочни плажи, културата на индонезискиот народ, традиционалната храна и илјадниците видови на флора и фауна се виновници за овој остров да го носи со себе приматот “Рај на земјата”. Уживање во туристичкото место Нуса Дуа или избор на некоја од факултативните излети (објавени подолу во програмата). Ноќевање. 

4 ден - 8ден (16.04 - 20.04.2019) | Бали 
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности или избор на некоја од факултативните излети (објавени подолу во програмата). Ноќевање. 

9 ден (21.04.2020 - вторник) | Бали 
Појадок во хотел. Последни моменти на островот на Боговите! Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за трансфер до аеродромот во Денпасар. Полетување кон Доха во 18:45 часот. Слетување во Доха 23:45 часот. 

10 ден (22.04.2020 - среда) | Доха - Скопје
Полетување од Доха кон Скопје во 07:00 часот. Слетување во Скопје во 11:15 часот.

КРАЈ НА ПРОГРАМАТА! 

Во цената е вклучено:
    • Авионски билет на релација Скопје - Доха - Денпасар - Доха - Скопје со Qatar Airways;

 • Вклучен багаж до 30 kg;
    • Аеродромски такси;
    • 7 ноќевања со појадок во хотел Grand Whiz Bali Nusa Dua 3*;
    • Трансфери на релација аеродром-хотел-аеродром;

Цената не вклучува:
    • Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата, како и лични трошоци;
    • Факултативните екскурзии;
    • Бакшиши за возачи и локални водичи;
    • Задолжително патничко осигурување – информации во агенција

Факултативни екскурзии – НАСКОРО !! 

Напомена:
Факултативните излети се резервираат исклучиво во агенција, најдоцна 30 дена пред реализација на аранжманот.

Услови:
    • Резервација се проследува со уплата од 50%, а доплата на остатокот до 30 дена пред реализација на програмата;
    • Понудата е валидна за минимум 16 пријавени патници;
    • За ова патување не се потребни медицински имунизации;
    • Рок за отказ на програмата поради недоволен број на пријавени патници - 30 дена пред поаѓање;
    • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата;

Неопходни документи:
За влез во Индонезија не е потребно претходно обезбедување на виза. Република Индонезија издава бесплатни визи по пристигнување на сите странски посетители, ако се обезбедени следните услови:
    • Валидна патна исправа со важност од минимум 6 месеци од враќањето во Македонија.
    • Потврда за извршена хотелска резервација.

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:
    • Над 60 дена пред датумот на поаѓање се задржува износот на депонираниот депозит;
    • Помеѓу 60-тиот и 20-тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
    • Помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page