top of page

ВИЛА АНЕСТИС - Агиос Георгиос

Вила Анестис се наоѓа веднаш до Лорд Комплекс лоциран во непосредна близина на центарот на Агиос Георгиос. Плажа е оддалечена 4-5 мин. Вилата е со преубаво уреден двор, двокреветните студија се на приземје, а четворокреветните апартмани се на кат. Сите се опремени со мини кујна (фрижидер, две рингли за готвење, комплет прибор), ТВ и бања со туш, клима (се доплаќа). Гостите од вилата можат да го користат базенот и мини паркот за деца од Лорд Комплекс (дозволено е користење на базенот со купување на пијалок - забрането е внесување на храна и пијалоци од надвор).

***************************************************

IV лице бесплатно сместување

РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 31.03.2020

-15% ПОПУСТ СО ОРГАНИЗИРАН ПРЕВО3; -10% ПОПУСТ ЗА СОПСТВЕН

УПЛАТА 30% ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА, ОСТАТОК ДО 31.03.2020

* попустот не важи за терминот од 25.05 и 17.09.

НАПОМЕНА

Цените се дадени по лице за 7 и 9 ноќевања со вклучен превоз и карта за траект!
Трето лице бесплатно, плаќа само за превоз. 
Цена за превоз на возрасен 75€ , за дете 55€ 
Користење на собите започнува првиот ден од 14:00 а се напуштаат во 09:00 последниот ден. (Локално време)
За пакет аранжмани од 9 ноќи со сопствен превоз се одбива 25€ од вкупната цена по лице.
Поаѓање од Скопје од Автобуска станица, еден ден пред наведените датуми во 22:00 часот.
Враќање последниот ден во вечерните часови.
Доплата за користење на клима 6 еур на ден (се плаќа локално).
Доплата за туристичка такса - 0.5€ по соба на ден. Плаќање на рецепција.

Смените на 25.05.2019 & 17.09.2019 не подлежат на попуст за рана резервација!

ОПШТИ УСЛОВИ
За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
За резервации направени на EARLY BOOKING, целосна уплата до наведениот датум. За сопствен превоз попустот се намалува за 5%.
Задолжително здравствено и патничко осигурување 240 мкд (за лица до 65 години) за пакет аранжман од 7 ноќевања, и 310 мкд (за лица до 65 години) за пакет од 9 ноќевања.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости, сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците!
Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот
За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (минимум важност 90 дена од денот на враќање во државата) и бел лист (виза не е потребна); не се потребни посебни вакцини.
Секој нов данок (за престој или слично) кој може да стапи на сила од јануари 2018 година ќе се плаќа по пристигнување во хотелот или апартманот директно од клиентот
Патниците се должни да се јават во агенцијата неколку дена пред поаѓање да се информираат за времето на поаѓање.
Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
Во смените означени со (*) - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ НЕ ВАЖИ

ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ
Состанок на групата 30 мин пред поаѓање на Главна Автобуска Станица Скопје (на перон 1 или 2)
Поаѓање за наведената дестинација преку Граничен Премин Богородица
Пристигнување и сместување во одбраните капацитети
Денови на престој (7 или 9)
Последниот ден собите се напуштаат во договорено време (наведено во куќен ред)
Попладневните часови поаѓање за Македонија
Пристигнување во вечерните часови на Главна Автобуска Станица Скопје

Цените се дадени во евра. Плаќање исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page