top of page

ВЕНЕЦИЈА, ВЕРОНА И ФИРЕНЦА

4 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА

19-23.10.2018

1 ден СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА 
Состанок на групата во Скопје на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 14:30ч. Поаѓање за Венеција во 15:00ч. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори. 

2 ден ВЕНЕЦИЈА (околина)
Пристигнување на пристаништето “Пунта Сабиони” во Лидо Ди Јесоло, во предпладневните часови. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Сместување во хотел и ноќевање.

3 ден ВЕНЕЦИЈА - ФИРЕНЦА 
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки или факултативна целодневна посета на Фиренца - еден од најсликовитите Италијански градови, познат и како Бисерот на ренесансата. Панорамско разгледување на градот во кој твореле големите уметници на 14ти и 15ти век: Базиликата на Св. Крст (Santa Croce) - Фиорентинскиот Пантеон со гробовите на великаните ( Макијавели, Росини, Данте, Галилеј), палатата Гонди во која Леонардо ја наслика Мона Лиза, плоштадот Сињори (своевиден музеј на отворено со бројни скулптури, ремек дела на ренесансата, стариот мост Понте Векио и истоимената палата, Базиликата Сан Лоренцо со капелата на Медичи, крстилницата Сан Џовани... Враќање  во хотелот во доцните вечерни часови. Ноќевање.

4 ден ВЕНЕЦИЈА - ВЕРОНА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот во Венеција и заминување кон Верона - градот на Ромео и Јулија: Разгледот на Верона започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје, со попатна посета на Палма Нова – познат outlet шопинг центар. Патувањето продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје наредниот ден во претпладневните часови.

Цена на аранжманот: 129 € (7.998,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација.
- Сместување во хотел *** во околина на Венеција – Лидо ди Јесоло на база 2НП (ноќевања со појадок).
- Панорамски разглед на Венеција и Верона.
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- (*) Превоз со брод “Вапорето” од Пунта Сабионе – Венеција (15€).
- Туристичка такса 1€ по лице од ден, се плаќа на рецепција во хотелот.
- Факултативна посета на Фиренца (50 €) со локален водич.
- Влезници за музеите и културно-историските споменици.
- Патничко осигурување 

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page