top of page

ПРАГА

ПРАГА (КАРЛОВИ ВАРИ, ДРЕЗДЕН И ВИЕНА)

6 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА

10-15.10.2018

1 ден: 10.10.2018  СКОПЈЕ – ПРАГА: Состанок на групата на паркингот на спортскиот центар Борис Трајковски  во 16:00ч. Поаѓање на автобусот во 16:30 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

 

2 ден: 11.10.2018 ПРАГА: Пристигнување во Прага во пладневните часови.. Предлагаме панорамско разгледување на градот: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. . По разгледот  крстарење со брод по реката В’лтава.  Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден: 12.10.2018 ПРАГА - ДРЕЗДЕН: Појадок. Предлагаме целодневен излет до Дрезден, денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба, во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатство на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на “Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.   

 

4 ден: 13.10.2018  ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ: Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во доцните попладневни часови. За крај на денот, предлагаме факултативно посета на Пивница во средновековен амбиент, со несекојдневна шоу програма, пиво, коленица и традиционална Чешка чорба... ќе Ве воодушеват мајсториите на средновековните витези, голтачите на пламен, стомачните танчерки... Ноќевање.

        

5 ден: 14.10.2018 ПРАГА – ВИЕНА: Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT. По пристигнувањето  во Виена, прошетка низ стариот дел на градот: Стефан Плац, катедралата Св. Стефан... Во вечерните часови го продолжуваме патувањето кон Македонија. Ноќно возење.

 

6 ден: 15.10.2018 СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 01 СЕПТЕМВРИ:  139 € /  8.620 ден 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  149 € /  9.240 ден

 

Цената вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус

  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Прага, Хотел Тристар 3* 

  • http://www.olympik.cz/cz/tristar/

  • Посета на Виена

  • Организација и водство на програмата

  • Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT

  • Организација на аранжманот

  • Лиценциран туристички придружник

 

Цената не вклучува:

  •  Разглед на Прага со локален водич 10 €

  •  Факултативен излет за Карлови Вари 25€

  •  Факултативен излет до Дрезден 30€

  •  Крстарење со брод по Влтава 15€   

  •  Вечера во пивница со шоу програма 35€

  •  Доплата за еднокреветна соба 3.600 денари

  •  Влезници за локалитетити

  •  Задолжително патничко осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.

  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.

  • За уплати на “early booking” потребна е уплата 30% од вкупната сума на аранжманот.

  • Попустите не се комбинираат.

  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на организаторот.

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page