



ВИЛА ПОСЕИДОН - Калитеа
Вила Посеидон се наоѓа на сама плажа во Калитеа, на 200м од центарот. Паркинг за возила сама вила не нуди, но има на 30м од самата вила веднаш до хотелот Маргарита, и истиот е бесплатен. Вилата располага само со трокреветни и четворокреветни студија. За сезона 2023, лежалки поставени на плажа нема, секоја соба има на располагање 2 лежалки, кој ги зема на користење и на крајот на денот ги враќа во вилата (строго забрането останање лежалки на плажа преку ноќ) чадори нема.
Опис на сместување
-
Трокреветното студио располага со брачен кревет за две лица, по грчки мерки т.е потесни од стандардните спални и едно единечно регуларно легло, мини кујна со прибор за готвење и јадење која е одвоена од спалната, но не и со врата, сопствен тоалет,wi-fi балкон кој гледа странично на море или кон градина, а истото е лоцирано на трет кат и НЕ е реновирано. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.
-
Четворокреветните студија располагаат со брачен кревет за две лица, по грчки мерки т.е потесни од стандардните спални и две единечни стандардни легла. Истите можат да бидат лоцирани на приземје (без оградена тераса нереновирано студио) на трет кат со страничен поглед на море со број 24 и 26 не реновирани и 23 и 25 со реновирани тоалети, едно студио на четврти кат со голем балкон и директен поглед на море – со реновиран тоалет - бр.31, и едно студио со поглед на градина кое се наоѓа на трет кат и е со реновиран тоалет -број 21. Капацитет на собите е максимум 4 лица. Надвор од овој капацитет може да се смести само дете до 3,99год.
-
Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 61,8МКД
(напомена: првите два и последните два термина се промо цени и на нив не подложи попуст)
5% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.01.2023, СО 30% УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА, И ДОПЛАТА ДО 100% ДО 04.02.2023
ПОАЃАЊЕ СЕКОЈА НЕДЕЛА
ПОАЃАЊЕ СЕКОЈА САБОТА
Превоз
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
-Скопје (Дрводекор) – 40еур по лице
-Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до кружен тек Велес – 55еур по лице
-Велес (кружен тек бен.пумпа Макпетрол) -40еур по лице
-Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –40еур по лице
-Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 40еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
-Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 40еур по лице
-Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –40еур по лице
-Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –45еур по лице
-Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 55еур
-Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 45еур по лице
-Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 45еур по лице
-Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
-Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Организаторот го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%, или промена на цената на горивото!
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
*За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин(овој попуст не е важечки за промо термините)
* попустите не може да се комбинираат,
*Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
*Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
*Важат Општите услови на СКТМ
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:
-3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
-4:00 Скопје (Дрводекор)
-4:30 Велес (БП Макпетрол кружен тек)
-5:00 Неготино (БП Неготино)
-6:00 Граничен премин ( БП Шимов)
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ
-4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)
-3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
-2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
-2:15 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола
-2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
-3:15 Ресен (спроти автобуска станица Транскоп на перон ) – Трасфер до Битола
ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:
15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Тимот на ГОЛДЕН ТУР ви посакува пријатен одмор.

КОНТАКТ
ул. Алберт Ајнштајн бр.8 локал 1
Веднаш до Вардар Мебел во Дебар Маало
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528 | +389 72 311 222 | +389 72 220 528