top of page

HOTEL POPOVA KULA

Хотелот Попова Кула нуди уникатно искуство на своите гости со своите 33 различни соби, секоја внимателно именувана и украсена во боите на виното што го претставува. Сите соби се опремени со телефон, Wi-Fi интернет конекција, клима уред и сателитска телевизија. Веднаш до рецепцијата на хотелот има продавница за вино и подароци каде што можете да ги купите нивните вина по намалени цени.

Цените се изразени во евра, по соба за 1 ноќевање со појадок. 

 • Деца до 12,99 години e бесплатно сместување.

• Деца од 13 до 17,99 години со доплата 10€, над 18 години со доплата од 18€.

• Трето лице во соба (дополнителен лежај) - 30% попуст од цената за ноќевање со појадок

------------------------------------------------------------------------------------------------------

​

Околината на Винаријата Попова Кула ви нуди можност да уживате во една поразлична приказна.
Покрај тоа што имате можност да научете нешто повеќе за душата и аромите на виното,имате можност и да се поврзете со недопрената природа во околината.


Заменете го секојдневието со следниве прошетки:

​

РЕКА ДОШНИЦА
Една од најчистите реки во околината,богата со вкусна пастрмка. Реката е позната кај авантуристите и трагачите по злато, бидејќи се смета дека во минатото околу речното корито била вршена експлоатација на злато.

​

ДОЛИНА НА КАКТУСИ
Долините на кактусите се дел од многуте креации на природата која несебично и ги дарила. Иако е добро познато дека кактусот е растение кое расте во пустинските делови на Мексико и САД, во Македонија како необичен природен феномен е пронајден на неколку места. Особено е впечатлива Долината на кактусите која се наоѓа во близина на напуштеното село Клисура, на околу 5 км јужно од градот Демир Капија. На јужната падина на висорамнината Краставец, еден посебен вид на џуџест кактус, кој како форма е многу редок, успеал да се прилагоди на тамошните природни климатски услови и да опстане, благодарејќи на влијанието на медитеранската клима од Егејот.

​

КАЧУВАЊЕ ПО КАРПИ

Демир Капија е едно од најдобрите места во Македонија за качување, планинарење, пешачење, риболов и други активности на отворено. Има 16 сектори за спортско искачување, повеќе од 200 правци имаат различна категорија на потешкотии.Многу карпи се наоѓаат во близина на патиштата и инфраструктурата, што овозможува брз пристап до повеќето од качувачките сектори; повеќето од нив се погодни за почетници и групи со деца. Повеќето од карпите се варовнички, но еден час оддалечени се и песочник и гранитни карпи за искачување и планинарење.

​

ТВРДИНА “ПРОСЕК”
Старата градска населба, што се наоѓала на овие простори, имала посебно значајна стратегиска и воена позиција во минатите епохи. На ова упатува и присуството на цел систем на утврдувања на камените масиви од двете страни на Вардар, меѓу кои најистакнати се Марков Град и Кале-Стрезов Град од левата страна и Рамниште од десната страна на реката. Од сите нив се зачувани остатоци од бедеми. Внатрешната тврдина-акрополот на Марков Град, е изградена од големи квадери од варовник, без малтер. Наодите од керамика од класичното и хеленистичкото време и неколкуте хеленистички монети укажуваат дека таа била користена многу векови пред римската доминација. Освен историја на дофат имате и прекрасна панорама.

​

ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ

Инспирирани од прекрасната живописна природа, маркирани се десет велосипедски патеки во околината на Демир Капија за проширување на велосипедизмот во Македонија.
На патот ќе ве пресретнат: водопади, карпи, дива природа, лозја, овоштарници, историски објекти.

​

ТОПЛИ ВИРОВИ НА РЕКАТА “ДОШНИЦА”
Вистинско скриено богатство за посетителите - освежете се и сплотете се со природата. Пред самиот влез на р. Дошница во демиркаписката долина, реката има формирано природни вирови погодни за освежување. Водата во вировите  летно време е затоплена од сонцето, но и од акумулираната топлина од карпите коишто ги опкружуваат. 

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

​

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

​

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

  • Instagram
  • Facebook Social Icon
  • LinkedIn Social Icon
IATA
SKTM
VISA

©2018-2026 by Golden Tour. All rights reserved.

bottom of page