VILA DOBRODOLAC
Добродолац се два објекти еден до друг и располага со 50 места. Едниот објект е постар со двокреветни соби, мини спа, мини фитнес и ресторан и нов објект веднаш карши него. Одалечени се на 300 метри од новата гондола во Брзече, а на 15 километри од Копаоник.
БРЗЕЧЕ е туристичка населба со многу хотели, вили и апартмани, во подножјето на Копаоник, на само 15 км од самиот ски – центар Копаоник. Оваа година од Брзече се пушта во работа ГОНДОЛА Бела Река до Мали Караман на Копаоник, со што го поврзува Брзече со централниот ски центар Копаоник, а на секои 60 мин. има автобус од Брзече до Копаоник.
Цените се изразени во евра по лице за 3 ноќевања со вклучен појадок, вечера и превоз до Копаоник.
*УСЛОВИ ЗА ДЕЦА**
– Дете до 3 години доколку не користи седиште во автобус и кревет во собата, патува бесплатно.
– Дете до 11,99 години на 50%
- Трето и Четврто лице во иста соба плаќаат по 109 евра.
Во цената не е вклучено:
– Туристичка такса 1,10€ по лице по ден
– Патничко осигурување
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ СКОПЈЕ-КОПАОНИК-СКОПЈЕ
– Цена само за превоз за возрасен е 45 евра, а за деца од 2-11,99 години е 30 евра
– Поаѓање секој четврток во 07:00 часот од Скопје (Дрводекор), враќање од Копаоник во недела 14:00 часот.
– Цената за превозот важи за месец Јануари и Февруари 2021
– Доколку сакате да користите сопствен превоз се одбива 15 евра по лице.
Kопаоник – Ski pass цени 2020/2021
Возрасни (12-64 години)
Дневна карта: 29 евра
Дводневна карта: 55 евра
Тридневна карта: 78 евра
Деца (06-11 години)
Дневна карта: 21 евра
Дводневна карта: 38 евра
ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
– Дете до 3 години доколку не користи седиште во автобус и кревет во собата, патува бесплатно.
– Дете до 11,99 години плаќаат 50% од сумата.
– Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
– Сите настанати штети за време на престојот се на товар на патникот.
– Се патува со лична карта преку граничниот премин Табановце, за влез во Србија не е потребен PCR тест.
– Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
– Плаќањето е во денари по курс 1 евро – 62мкд
– Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање
– Доколку сме спречени да го реализираме патувањето поради ситуацијата со која се соочуваме, средствата ќе бидат рефундирани во целост.
– За реализација на аранжманот потребно е да се пријават минимум 30 патници.
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
КОНТАКТ
Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528