top of page

ЗАГРЕБ ЗА НОВА ГОДИНА 2023

ЗАГРЕБ НОВА ГОДИНА(со посета на Љубљана)​

Загреб - главен град на Хрватска сместен северозападно, се одликува со својата австроунгарска архитектура од 18 и 19 век. Во неговиот центар, Горниот град е местото на готската ''twin-spired Zagreb Cathedral'' и црквата Свети Марко од 13 век, со покрив со шарени плочки. Во близина е пешачката улица Ткалчиќева, исполнета со кафулиња на отворено. Долниот град го има главниот плоштад Бан Јелачиќ, со многу продавници, музеи и паркови.

ТЕРМИН: 30.12.2022 – 02.01.2023 (2 ноќевања) 

За уплата до 30 Ноември:  189 евра   (11.680 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  209 евра   (12.920 денари)

ПРОГРАМА:

 

1 Ден    30.12 Петок                      СКОПЈЕ–ЗАГРЕБ
Состанок со групата на паркингот пред хотел "Holiday Inn" во 19.30 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.


2 Ден    31.12 Сабота                     ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица... Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќнaта магија.

Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено.
Вечерта дочек на Новата Година на плоштадот. Ноќевање.


3 Ден    01.01 Недела                   ЗАГРЕБ-ЉУБЉАНА–ЗАГРЕБ
Појадок. Факултативна посета на Љубљана. Разгледување на градот:  Симболот на градот - Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц  Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица  која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер... Враќање во Загреб. Вечерта,  повторно уживање во празничната магија на градот. Можност да си купите “licitar” - црвено медено срце кое датира од XIII век, a со тек на времето прераснало во симбол на Хрватска, денес се користи повеќе како божиќен украс отколку како колаче за јадење. Ноќевање.


4 Ден    02.01 Понеделник                          ЗАГРЕБ–СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Попладне, поаѓање кон Македонија. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
-Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје
-Сместување во хотел Aristos 4* во Загреб на база 2 ноќевања со појадок
-Организиран разглед на Загреб со локален водич

-Посета на Christmas market

-Посета на шопинг центар “Arena Centar”
-Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Посета на Љубљана 40 евра
-Патничко – здравствено осигурување

-Туристичка такса 370 ден. по лице за целиот престој (се плаќа во Агенција)
-Доплата за еднокреветна соба 4100 денари

-Доплата за избор на седиште во автобус 10 евра
-Дете до 3години гратис (без легло)
-Дете од 3-7 години (без легло, спие со родители) 1860 ден за две ноќевања

НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
Пријавување за факултативните излети при резервација (за реализација е потребно минимум 30 патници).
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност 1 € = 61,8 денари.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Голден Тур.

КОНТАКТ

Алберт Ајнштајн бр.8 локал 1

Веднаш до Вардар Мебел

1000 Скопје, Македонија

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

M. +389 72 220 528

M. +389 72 311 222

info@goldentour.com.mk

events@goldentour.com.mk

bottom of page