top of page

ВИЛА ПОПИС - Калитеа

Вила Попис се наоѓа на самото шеталиште, т.е прва пешачка улица во строгиот центар на Калитеа. Во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стига преку улица или скали. Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.

Вилата не располага со паркинг и околу неа нема расположливост за паркинг.  Најблискиот паркинг простор е на 150м одалеченост, кој е бесплатен и се наоѓа 2 паралелни улици погоре од самата вила. Во долниот дел на вилата се наоѓа мала приемна канцеларија каде се подигаат клучевите за сместувањето и се остава багаж додека се чека превоз при напуштањето на собите.

Сите студија се двокреветни со еден брачен  кревет, со максимален капацитет од 2 лица со можност за сместување на дете со неполни 6 год на кое не му следува легло ( спие во кревет со возрасните)  и нема простор за дополнителни легла. Собите располагаат со мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење која е во склоп на самото студио, сопствен тоалет, балкон, клима (без доплата) и wi-fi.

ЦЕНИТЕ СЕ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА

Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Сабота)

  • Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице

  • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40еур по лице

  • Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 40еур по лице

  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице

  • Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице

  • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • Битола – Градска Автобуска станица– на перон– 30еур по лице

  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 30еур по лице

  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 35еур по лице

  • Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 35еур

  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 35еур по лице

  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 30еур по лице

 

  • Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје, 15еур за Битола и Прилеп

  • Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

  • Возрасно лице над 63год – попуст од 10еур

 

 ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • *За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)
    * попустите не може да се комбинираат,

  • *Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети). Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете со неполни 6 години во легло со возрасен.

  • *Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус

  • *Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

 

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:

  • -3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес

  • -5:00 Струмица (БП Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово

  • -4:00 Скопје (Дрводекор)

  • -4:30 Велес (БП мотел Македонија)

  • -5:00 Неготино (БП Неготино)

  • -5:40 Удово (БП Удово)

  • -6:00 Граничен премин ( БП Шимов)

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ

  • -4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)

  • -3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола

  • -2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола

  • -2:15 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола

  • -2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола

  • -3:15 Ресен (спроти автобуска станица) – Трасфер до Битола

ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:

  • 15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа

  • 14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно

  • 14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти

  • 14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори

 

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Цените се дадени во евра. Плаќање исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page