top of page

ВИЛА BOUZALIS - Неа Флогита

Во централниот дел на полуостровот Халкидики, на само педесетина километри југоистoчно од Солун се наоѓа туристичкото место Неа Флогита, препознатливо по централниот парк со фонтаните и зелениот појас со палми. Длабочината во морето е умерена што го прави ова туристичко место уште попривлечно за децата. Местото е одлично снабдено во текот на летната сезона-изобилува со маркети, пекари, слаткарници,таверни, ресторани, а токму тука е и најпозната плажа „Pastazi“ која нуди одлична забава за младите.

Вилата „Bouzalis“ е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита, на само неколку метри од морето.

Вилата располага со апартмани со најразлична големина кои се целосно реновирани; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има

паркинг простор.

-5 % попуст за целосна уплата до 31. март 2023

vila buzalis.jpg

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 10 НОЌЕВАЊA

Напомена:

-Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничениот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.
-Цените во табелата се за наем на цело студио, за 10 ноќевања со сопствен превоз.
-Туристичката агенција има право останатите капацитети да ги продаде по Last minute цени, патниците кои веќе имаат резервација немаат право да бараат рефундација доколку има разлика во цена.
-Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по Early Booking цена, се применуваат општите услови на патување според потпишаниот договор. Патникот неможе да го користи истиот попуст за следен термин.
-Сместување прв ден по 14:00 часот, напуштање последен ден до 09:00 часот.
-Доплата за тур. такса во Грција - 0.50 еур по соба на ден. (се плаќа во агенција)
-Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност 1 ЕУР= 61,8 МКД.
-Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита.
-Тргнување од Скопје во 04:00 часот и од Кавадарци во 5:30 часот.
-Цена на повратен автобуски билет: 50 ЕУР; деца до 2 год. - бесплатно; деца 2-12 год. - 40 ЕУР
-Цена на автобуски билет во еден правец: 40 ЕУР; деца до 2 год. - бесплатно; деца 2-12 год. - 35 ЕУР

Важни информации: 

-Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА Голден Тур ( прочитај ги тука )

КОНТАКТ

ул. Алберт Ајнштајн бр.8 локал 1

Дебар Маало веднаш до Вардар Мебел
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page