top of page

ВИЛА ЕЛЕНИ - КРФ

Вилата Елени се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на 250 метри од плажата. Вилата е комплекс од три понови згради, со голем базен. Располага со двокреветни и трокреветни студија. Сите соби имаат поглед на базен и се распределни на високо приземје и прв кат. Сите соби имаат комплетно опремена мини кујна со решо, основен прибор за соодветниот број на лица, фрижидер, тоалет, ТВ и тераса. Вилата има интернет (чиј сигнал е најдобар кај барот, каде се наоѓа рутерот). За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Базенот е достапен за гостите со бесплатна лежалка, а исто така има и бар. Постои можност за изнајмување на клима која се доплатува на лице место и изнесува 6 евра од ден.


Понудата е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 20€ по лице. На акциските цени, нема одбивање за сопствен превоз.

Попустот важи до 01.04!

ВАЖНИ НАПОМЕНИ !
Доплата во автобус за траект 20€ по лице.
На акциските цени, нема одбивање за сопствен превоз.

Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз.
Во цената не е вклучена задолжителна доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 20€ ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.

УСЛОВИ ЗА ДЕЦА:
Дете до 3 години бесплатно, дели кревет со возрасен
Дете од 3-12 г. на редовно легло плаќа 50% од цената на аранжманот, плус 20€ за траект
Дете од 3-12 г. на дополн. легло плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 20€ за траект.

*Поаѓањето на автобусот е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот е преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
*Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
*Цена само за превоз 60 евра со доплата од 20 евра за траект – во два правци.

Со уплата и резервација на аранжманот, патникот е согласен и ги прифаќа условите за патување кои ќе важат во моментот на реализација на патувањето, односно мерките кои тогаш ќе бидат поставени од Република Грција и Македонија.

Странките кои ќе го искористат КОВИД ваучерот, ги прифаќаат сите услови и доколку не можат да патуваат должни се да ја известат агенцијата најдоцна 15 дена пред реализација на патувањето. Вo случај да не се патува, ваучерот пропаѓа и не постои можност да се продолжи неговата важност.

Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 20 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден. Се плаќа во автобус.
Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) но мора да се донесе потврда дека постои.
Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 20евра за траект
Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.

Вилите немаат приватен паркинг, паркингот на островот е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите

Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
Цена само за превоз 60 евра со доплата од 20 евра за траект – во два правци.
Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa

Услови за деца:
Дете до 3 години бесплатно, дели кревет со возрасен
Дете од 3-12 г. на редовно легло плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 20€ за траект
Дете од 3-12 г. на дополн. легло плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 20€ за траект.

Информации:
Превземање на собите после 14;00 ч. (локално време)
Напуштање на собите до 09;00 ч. (локално време)
Багажот се остава во делот предвиден за багаж.
Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
Четворокреветните соби се со две посебни спални соби, физички одвоена кујна и одвоен тоалет.
Чистењето на собите е четвртиот ден, гостите се должни да се грижат за хигиената и редот во вилата.
Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден.
Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
Во вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот.

Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот (поради општата ситуација со ковид 19, по препорака од страна на грчкото министерство за здравство, сопствениците на сместувачките капацитети, треба самите да проценат и одлучат дали во текот на престојот ќе го направат второто чистење, бидејќи е препорачано што помалку контакти, со цел одржување на безбедноста на самите гости. Секако достапни се чисти постелнини, пешкири и средства за чистење како џогери и метли).
Агенцијата не може да влијае на одлуката на сопствениците, која е индивидуална во секоја куќа.
Ви благодариме за разбирањето, се трудиме максимално да ја одржиме вашата безбедност за време на престојот)

Според законските одредби, базенот се користи од 10-19 часот, поради самата безбедност на гостите (пропишана во грчките закони), но и поради чистењето на базените. Строго е забрането капење после 20 часот.

Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.

Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата или петти дополнителен кревет во апартманите

Цените се во €, плаќањето е во денарска противвредност 1 € = 61,8 денари.

Важат општите услови на Т.А. Голден Тур.

КОНТАКТ

ул. Алберт Ајнштајн бр.8 локал 1

Дебар Маало веднаш до Вардар Мебел
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page