



Aparthotel Vila San
ВИЛА САН
Вила Сан се наоѓа во викенд селото на Копаоник, на 5,5 км од центарот (се наоѓа карши фонтаната Чајетина) на главниот пат.На половина пат меѓу Мујен и Кралски чардаци. Секој апартман и студио имаат комплетно опремена кујна, фен за коса во бањата, даска за пеглање и сите ситници (сапун, игли конец, шампон, крпи ....)... Спа центарот за нашите гости е бесплатен 17-22h (џакузи, сува сауна, IR сауна, ....), детската игротека е бесплатна за сите гости, WiFi оптика исто, паркинг обезбеден исто бесплатно. Во близина има неколку ресторани, има можност за нарачка на храна директно во собата, (гости кои нарачуваат од ресторанот имаат 15% попуст) има и продавница на 150 метри за гостите да можат сами да си подготват оброци. Кафе Сан во лоби барот работи за нашите гости од 7-23ч.
Постелнината се менува на секои 7 дена, секако се менува и по потреба. Апартманите се чистат секој ден. Вила Сан е објект кој прима миленичиња. Можете да стигнете до ски патеката со сопствен превоз (првата патека е на помалку од 2 км, паркинг 500 rsd дневно, 3000 rsd неделно 1e ~ 118rsd), ако одите во центар наплаќаат влез во националниот парк по 300 rsd секој ден (или 800 rsd неделно), најдобро е со такси (7е во правец до центар патот до центарот е 5 мин и помалку) или ски автобус (200 rsd билет, 300 rsd повратен) и двете автобуски станиците се пред Вилата.
ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ НА АПАРТМАНИ ОД 12.12.2021 - 03.04.2022
Цените се изразени во евра по апартман по ноќевањe
1 ЕУР = 61,8 МКД
Начин на резервација и плаќање: 100% уплата при резервација во денарска противвредност.
*Доколку престојот е за 2 ноќевања цената е за 20% повисока.
*Доколку престојот е за 1 ноќевање цената е за 50% повисока.
*Специјална понуда за 7 ноќевања - попуст 15% (6+1)
*Специјална понуда за 7 ноќевања - попуст 30 % (5+2) важи за период 12.12 - 19.12.2021 / 27.03 - 03.04.2022
Во цената е вклучено:
- Наем на Студио / Апартман
- Користење на спа центар ( џакузи, тепидариум, солена соба, 2 вида сауни)
- Детско катче
- Надворешен паркинг
- Wi-Fi низ цел објект
Цената не вклучува:
-Туристичка такса (возрасни 120 РСД на ден / деца од 7-15 години 60 РСД на ден)
Kопаоник – Ski pass цени 2021/2022
Возрасни (12-64 години)
Дневна карта: 20 евра
Дводневна карта: 56 евра
Тридневна карта: 81 евра
Деца (06-11 години)
Дневна карта: 22 евра
Дводневна карта: 39 евра

КОНТАКТ
Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528