top of page

ВИЛА АРИСТОН - Порос

Вилата Аристон е сместена на околу 40 метри од плажата и главниот плоштад на Порос. Тоа што ја прави посебна е прекрасната природа која изобилува околу неа. Вилата располага со двокреветни студија, кои се опремени со мини кујна со основен кујнски прибор, тераса и ви-фи интернет.

Screenshot_2-1.png

Понудата е по лице за 9 ноќевања и автобуски превоз.

Доплата во автобус за траект 25€ по лице.

На акциските цени нема одбивање за сопствен превоз.

ВАЖНО:

  • Со уплата и резервација на аранжманот, патникот е согласен и ги прифаќа условите за патување кои ќе важат во моментот на реализација на патувањето, односно мерките кои тогаш ќе бидат поставени од Република Грција и Македонија.

  • Странките кои ќе го искористат КОВИД ваучерот, ги прифаќаат сите услови и доколку не можат да патуваат должни се да ја известат агенцијата најдоцна 15 дена пред реализација на патувањето. Вo случај да не се патува, ваучерот пропаѓа и не постои можност да се продолжи неговата важност.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
    • 9 ноќевања во вила Аристон.
    • Автобуски превоз на дадената релација.
    • Туристички придружник за време на патувањето.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
    • Задолжителна доплата за траект 25 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус.
    • Задолжително патничко осигурување.
    • Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50 центи по соба од ден (се плаќа во автобус).

НАПОМЕНИ:
• Цените се однесуваат на едно лице за 9 ноќевања во една од избраните вили и автобуски превоз.
• Задолжителна доплата за траект во двата правци 25 евра по лице – се плаќа во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден.
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка или на трансакциска сметка.
• За еднокреветна соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
• Доплата за клима 5 евра од ден по желба
• Агенцијата не гарантира за брзината и квалитетот на интернетот во вилите

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен

  • Дете од 3 до 12 години плаќаат 50% од сумата доколку се сместени со две возрасни лица

 

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Check in во собите е после 14h по грчко време

  • Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.

  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж

  • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот

  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.

  • Вилите имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

Тргнување во Скопје според дадениот датум во вечерните часови. Следува возење и попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Килини од каде се качуваме на траект до Порос. Сместување во апартманите. За време на престојот во Кефалонија ќе има организирани програми: посети на најубавите плажи, ноќни забави, посета на пештери и крстарења. Последниот ден од престојот во најавено време одјавување од апармтаните и враќање во Македонија

Цените се дадени во евра. Плаќање исклучиво во денари, по курс 1 евро = 61,8 денари.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page